Cоветот на Европа е најстарата европска меѓународна политичка организација. Основната задача на Советот на Европа е создавање на единствена Европа во чии основи лежат принципите на слободата, демократијата, заштитата на човековите права и владеење на правото. Седиштето на организацијата е во Стразбур, Франција.

Советот на Европа не треба да биде мешан со Европската Унија - тоа се две сосема различни организации. Исто така, иако знамињата на двете организации се идентични, не треба да се мисли дека станува збор за иста работа.

Едно од најзначајните достигнувања на Советот на Европа е изработката и потпишувањето на Европската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи.

Основање

Советот на Европа е основан на 4 мај 1949 година со Уставот за Совет на Европа во Лондон, со мисија да го развива и помага ширењето во Европа на демократски принципи основани на Европската конвенција за правата на човекот и други нормативни текстови за заштита на поединецот.

Рани години и проширувања (1950-ти – 1960-ти) Во раните години, ентузијазмот бил висок. Еден од првите големи успеси бил изготвувањето на Европската конвенција за човекови права во 1950 година (влезена во сила во 1953 година), инспирирана од Универзалната декларација за човековите права на ОН од 1948 година. Оваа конвенција вклучувала механизам за спроведување преку меѓународен суд – Европски суд за човекови права во Стразбур. Западна Германија се приклучиле на 2 мај 1951 година, симболизирајќи го повоеното помирување; Исланд се приклучил во 1950 година како 13-та членка.

Проширувањата продолжиле: Австрија (1956), Кипар (1961), Швајцарија (1963), Малта (1965) и Португалија (1976, по Револуцијата на каранфилите). Советот растел од десет основачи кон повеќе земји, нагласувајќи ја интеграцијата и демократизацијата.

Држави членки Советот на Европа има навистина пан-европски карактер и во него членуваат:

47 земји членки 1 земја кандидат - Белорусија 5 земји набљудувачи - САД, Канада, Јапонија, Мексико и Ватикан

Цели заштита на човековите права, плуралистичката демократија и владеење на правото; промовирање и стимулирање на развојот на европскиот културен идентитет и разноликост; наоѓање на заеднички решенија на проблемите во европското општество: како дискриминација на малцинствата, ксенофобија, нетолеранција, клонирање, тероризам, шверц на луѓе, организиран криминал и корупција, интернет криминал, насилство врз деца; консолидирање на демократска стабилност во Европа преку поддршка на политички, правни и уставни реформи.

Органи

Главните органи на Советот на Европа се:

Комитет на министри Парламентарна асамблеја Конгрес на локални и регионални власти Европски суд за човекови права Секретаријат

Буџет Буџетот на Советот на Европа за 2007 година изнесува 197.214.100 евра.

Службени јазици Советот на Европа има два официјални јазика - англиски и француски, но германскиот, рускиот и италијанскиот исто така често се користат иако не се официјални. Некои документи на Советот се пишуваат и на други европски јазици.

Надворешни врски Официјална страница на Советот на Европа Карта на европски малцинства и етнички групи Игор Јанев, Statutary order of International Organizations, Institute of Political Studies, Belgrade, 2009, ISBN 978-86-7419-191-0

Категорија:Политика на Европа Категорија:Меѓународни организации