Битката за ослободување на Велес ― воена битка од страна на Народноослободителна војска на Македонија која што соработуваше со Југословенските партизани против војската на Третиот Рајх кој што во нејзиниот состав содржи војници од војската на Бугарија кој што биле против Татковинскиот фронт. Битката почнала во надворешниот дел од градот околу Црквино, Горно Оризари и Лисиче но после се прошири кон внатрешниот дел во Велес, во населби како Којник, Тунелот, С'рмаале и други места.Како беше ослободен Велес, 9-ти ноември 1944-та (2014) од Петар Печков

Битката била победа на НОВМ и НОВЈ, заради тоа после битката германската армија почнала да се привлекува од градот и почнала да патува кон Скопје користејќи ги железничките пруги помеѓу градевите, каде што неколку дена од ослободувањето на Велес почна битката за ослободувањето на Скопје. Главни учесници на битката биле 3та Македонска ударна бригада којашто се бореше во западниот дел од Велес покрај Лисиче-Раштани, 12та Македонска ударна бригада која што организирала брз марш од Бањица кон Раштани, 8та Македонска ударна бригада, позната и како Велешката ударна бригда била покрај јужно-западниот дел од општина Велес со тивок организиран марш од Отиштино до Горно Оризари и после кон Вршник.Историја македонског народа, Књига трећа. Период између два светска рата и народна револуција (1918-1945) (1970) од Михајло Апостолски страна 407 41та Македонска дивизија на НОВЈ од јужниот дел од Велес преку Градско активно ја следише германската армија откако ја поразиле во Егејска Македонија и во градот Гевгелија каде што после го ослободиле. 50та Македонска дивизија на НОВЈ исто ја следише германската војска преку северно-источниот дел од Велес од Штип.

Заднина

Местоположба

Велес лево|мини|При евакувацијата на Германската дивизија „Е“ и 50та пешадиска германска дивизија од Егејска Македонија кон Велес тие уништувале мостови како обид на спречување на македонските и југословенските партизани да достигнат до Велес.|220x220пкс Заради местоположбата на градот Велес и заради нејзината развиена железничка пруга поврзувајќи Гевгелија и Скопје таа била користена како редовен центар за пренесувајќи војници и материјали. Заради тоа Михајло Апостолски планирал да го користи градот како центар на комуникација помеѓу партизански единици и заради тоа предложил на главниот штаб на НОБ и ПОМ да се ослободи градот и да се користи како начин на пренесување војници и дивизии.

Германската армија Германската војска во тој период била во проблематична состојба заради нивната местоположба, во тоа време најголемата дивизија од Третиот рајх во Македонија била армиската група „Е“ и 50та пешадиска германска дивизија. Двете дивизии биле заглавени длабоко во територијата на Егејска Македонија, јужните делови во Грција и јужниот дел од Албанија. Заради тоа под команда на германскиот генерал Александар Лер почнале да организираат евакуација од Грција кон Велес. Михајло Апостолски, посакувал процесот на ослободувајќи на Велес да биде едноставен без водејќи битка со германската армија, заради тоа неговиот главен план бил да ја спречи евакуацијата на Александар Лер.

Евакуација

Зелениот пат мини|258x258px|Слика од германската армија околу Егејска Македонија при нивната евакуација.Армиската група „Е“ според нејзината местоположба имаше три можни патишта за корист, тие биле црвениот, зелениот и синиот пат. Зелениот пат било патиште кој што минувало низ Мечово-Дескат-Кожани-Битола-Прилеп-Градско-Велес, било именувано како „зеленото“ во германската армија бидејќи било најбезбедниот пат за евакувација, 11та полска воздухопловна дивизија била еден од воените единиците кој што успешно евакуирале користејќи го зелениот пат.

Црвениот пат Следниот главен пат бил „Црвениот“ кој што минувал низ Волос-Лариса-Тирнавос-Кожани-Бер-Топчиево-Ругуновец-Гевгелија-Валандово-Бистренци-Градско-Велес, црвениот пат бил познат заради колку небезбеден бил при евакуацијата, тој исто бил најдолгиот пат и заради тоа бил многу ретко користен при нивниот план. 4та СС полициска околинска дивизија под команда на Фриц Шмедес се обидувала да евакувира кон Велес користејќи го патот но само достигнале до Гевгелија пред да бидат поразени од страна на 41та Македонска дивизија на НОВЈ.

Синиот пат Следниот пат бил „Синиот“ кој што минувал низ Солун-Кукуш-Дојран-Валандово-Струмица-Радовиш-Кадрифаково-Куманово-Велес, бил именуван како синиот заради колку ладен патот бил при евакувација, 22та германска пешадиска дивизија под команда на Ернест Лајсер успешно евакувирала, но 104та и 112та германска пешадиска дивизија се обидувала да евакуираат но била поразена во Струмица.

Фортификација

Германска фортификација мини|Мапа за ослободувањето на Велес, прикажува фортификацијата на германската армија и на македонските партизани.NOB Makedonije. Publikacija fotografija, dokumenata i karata sa prigodnim tekstom o narodnooslobodilačkoj borbi makedonskog naroda (1964) од Михајло Апостолски и Јован Поповски (страна 193)|284x284пкс Откако германските сили достигнале до Велес почнале да се спремаат за битка помеѓу македонските партизани, тие почнале да организираат три главни фортификации во градот Велес и нејзината околина, нивната прва главна, најдолга и најглавната фортификација била линија поставена во околината на Велес која што поминувала низ Гроот-Баир (точка во Облаковската Планина)-Вршник (точка во Градешката Планина), втората главна линија зафаќала железничката пруга пред градот со точката Вршник. Третата главна линија била во центарот на градот Велес, зафаќајќи железничкиот мост, центарот на градот, голем мост и јужен дел од Велес. Кон источниот дел на Велес кој што се наоѓаше на другата страна на брегот на реката Вардар било слабо фортификувано со само мал дел од војници сместени покрај патишта помеѓу Штип и Велес.

Македонска фортификација Македонските партизани и дивизии исто почнале да се организираат за нападот на Велес, 42та Македонска дивизија на НОВЈ организираше брз марш каде што поминувале низ Седларево-Црвена вода-Боро поле-Караџица-Солунски пат-Демирова ливада-Горно Јаболчиште-Дреново-Лисиче и почнале да организираат и групираат, истовремено почнале да поставуваат артилери покрај селата Бањица и Отиштино бидејќи се спремале за ослободувањето на Велес. 8та Македонска ударна бригада организирала брз марш од Сува Гора до Велес, 3та Македонска ударна бригада, 12та Македонска ударна бригада биле поставени во другата страна на езерото Лисиче каде што се спремале за борба.

Борбата

Планот Македонските партизани откако поставиле фортификации почнале да организираат план за како да се ослободи градот. Главниот проблем на партизаните било структурата на германската армија, германската армија била многу повеќе развиена од македонската армија, Германците исто имале развиени коњовски и артилериски бригада поставени во внатрешниот дел од Велес, заради тоа доведеле до заклучокот дека нападот требаше да се одвива во ноќта. Според планот 42та Македонска дивизија на НОВЈ требаше да го ослободи западниот дел од градот, додека истовремено 50та Македонска дивизија на НОВЈ од Штип требаше да го ослободи источниот и северниот дел од градот. 11та Македонска ударна бригада требаше да помогне обезбевудајќи го приодот на 41та Македонска дивизија на НОВЈ кон Велес од Градско каде што ќе користеле мост што минува низ реката Бабуна. 3та Македонска ударна бригада требаше да го нападне индустрискиот центар на градот и да ги ослободи фабриките околу градот и железничката станица. 8та Македонска ударна бригада била дадена најголемата улога од сите други бригади и дивизии, тие требале да патуваат од западниот дел од градот и од германската касарна на градот до Долно Дуќани и центарот на градот, при тоа требала да ја ослободат маслодајната фабрика во тоа време, истовремено имале поставени артилери покрај Раштани-Велес за германските сили.

Борбата лево|мини|Борбен пат на 3 македонска ударна бригада, прикажувајќи го ослободувањето на Велес. мини|247x247пкс|Македонски партизани од 8-та Македонска ударна бригада во Вршниик мини|246x246пкс|При битката, германските сили почнале постепено да се привлекуваат кон центраниот дел на градот и покрај реката Вардар. Главниот штаб на НОБ и ПОМ дала наредба за почетокот на нападот, 8та Македонска ударна бригада во 3-те часот наутро во 9-ти Ноември почнале долг и суров марш каде што се качувале на Градешката Планина и ја постигнале највисоката точка позната како Вршник за околу еден час. Во 4-те часот почна битката. 8та Македонска ударна бригада почнала да се симнува од планината кон градот, при тоа убиле еден германски стражар покрај Стар мост. Германците заради времето на нападот не биле спремни, заради тоа како обид на спречување на ослободувањето на градот тие ги уништиле сите мостови присутни во градот. Околу 3-те часот 3та Македонска ударна бригада ги нападнала германските и бугарските сили и достигнала до железничката станица и после тоа за кратко време успешно ја ослободиле населбата Тунел. Околу 8 часот Германските сили изгубиле контрола на Којник, Мегдан, Центарот на градот и реката Бабуна. Почнале да водат сурови борби покрај улиците, каде што некој граѓани почнале исто така да учествуваат.

Германската армија била во проблематична состојба, почнале да организираат евакувација од градот покрај 9-те часот, но во главната улица за излез од градот било окупирана од 50та Македонска дивизија на НОВЈ, заради тоа требале алтернативен пат да користат, заради тоа евакувацијата траеше неколку часеви, каде што неколку германци биле убиени и многумина заробени. Во 9-те часот главната касарница на германската војска во Велес била уништена од експлозија од македонските партизани. Околу 10-те часот се привлекле од центарот на градот, главната индустриска зона во Велес во тоа време и од велешката црква Св. Спас. Германската армија успешно повлекле дел од нивната армија покрај 12 часот користејќи го железничкиот мост. Во 15 часот мостот бил уништен од страна на германската армија како обид да ги спречи партизанските дивизии. Во 16 часот градот бил целосно ослободен.

Учество на Бугарската армија Во бугарската историографија која што е позната заради нејзините псевдоисториски гледишта, сметаат дека ослободувањето на Велес било од страна на 4та бугарска армија која што водела марш од Брегалница-Струмица кон Велес. Вакви спорени гледишта се појавиле заради пристрасеноста пристуна во бугарската историографија која што имала главна улога да ги подобри гледиштата на нејзината држава после војната. Според Румен Даскалов, познат историчар и професор од Бугарија: Според сведошти бугарската армија не учествувале во битката и пристигнале во градот после неколку дена кога било ослободено, тие при битката на ослободувањето на градот биле намерно пацифисти и поставиле фортификација покрај Злетовската река и пристигнале во Велес но брзо почнале да патуваат кон Скопје бидејќи никој во градот не ги почитуваше, на крајот не пристигнале до Скопје заради нивните саботаживни дела. според сеќавањето на Михајло Апостолски, бугарската армија почнале да објавуваат како го ослободиле Велес преку Радио Софија што било фалсификација. иста тактика ја користеле при ослободувањето на Штип и ослободувањето на Скопје. Во Бугарската армија било откриени привремени спремени весници за ослободувањето на Велес со лажна содржина претставувајќи ги како храбри борци за да се објаваат во бугарските медиуми но со наредба на Михајло Апостолски ги собрале весниците и ги уништиле.

После ослободувањето

После ослободувањето лево|мини|Извештај од Боро Чушкар до Главниот Штаб на НОВ и ПОМ за нападот на Велес и нејзиното ослободување. (9 ноември 1944). мини|287x287пкс|Слика од говорот на Брашнаров после ослободувањето на Велес