Магдебург () — покраина на Слободната Држава Прусија во рамките на Третиот Рајх од 1944 до 1945 г. Седиште бил градот Магдебург.
Покраината е создадена на 1 јули 1944 г. од управникот округ Магдебург, административен регион од поранешната покраина Саксонија.
Оваа покраина е окупирана од американска војска по освојувањето на Магдебург во април 1945 г. во Втората светска војна. Откако прешла во советски раце, таа е споена со Хале-Мерзебург и Анхалт, одново создавајќи ја покраината Саксонија, подоцна преименувана како покраина Саксонија-Анхалт, па на крај сојузна покраина Саксонија-Анхалт.
Окрузи во 1945 г. Управен округ Магдебург
Градски окрузи Ашерслебен Бург кај Магдебург Залцведел Кведлинбург Магдебург Халберштат Штендал
Селски окрузи Ванцлебен Вернигероде Волмирштет Гарделеген Залцведел Јерихов I (седиште: Бург кај Магдебург) Јерихов II (седиште: Гентин) Калбе на Зале Кведлинбург Остербург Ошерслебен Халденслебен Штендал
Белешки
Категорија:Покраини во Прусија Категорија:Поранешни држави и територии во Саксонија-Анхалт Категорија:Држави и територии настанати во 1944 година Категорија:Држави и територии распаднати во 1945 година Категорија:Магдебург