Анден или Анда ― мал остров во Општина Екснес во округот Нурлан, Норвешка. Се наоѓа во архипелагот Вестеролен, околу 5 км северно од селото Сте на северниот врв на големиот остров Лангоја, и околу 14 км западно од големиот остров Андеја. Тој е дом на Анданскиот светилник, кој бил последниот светилник во Норвешка што бил автоматизиран (во 1987 година).
Животна средина Островот 15.3 хектари е заштитен како природен резерват и е важно место за гнездење на атлантските пуфини. Таму се гнездат и тропрсти галеби, остроклуна нурка, аристотелов корморан, сребренест галеб и Cepphus grylle. Островот е означен како важна птиќја област од BirdLife International. На островот има голема колонија на фоки.
Наводи
Категорија:Вестеролен Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Заштитенски подрачја во Нурлан Категорија:Колонии на морски птици Категорија:Важни птичји подрачја во Арктички Острови Категорија:Важни птичји области во Норвешка Категорија:Рамсарски места во Норвешка Категорија:Природни резервати во Норвешка Категорија:Острови во Нурлан Категорија:Екснес