мини|десно|Гетсиманска Градина Гетсиманска Градина (латински: Hortus Gethsemani) — една од најпознатите места во историјата на човештвото. Таа се наоѓа под Маслиновата Гора, блиску до ѕидините на Стариот Град во Ерусалим.

Гестиманската Градина според Евангелието на Матеј (King James Version); и Евангелието на Марко (KJV); , всушност местото каде Исус Христос ги одржувал повеќето од своите молитви и каде се собирал честопати со своите ученици-апостоли. Тоа е и местото каде Јуда Искариотски дошол со војниците и со бакнеж на левиот образ на Исус го предал на Кајфа.

На местото, каде според преданијата Јуда го предал Исус Христос, е била изградена базилика уште во V век. Во текот на 1919 — 1924 година била изградена современа црква на сите нации. Во неа има 12 куполи и грбовите на 12-те држави, кои донирале средства за изградбата. Внатре има слики, кои го покажуваат “Гетсиманското молење, ,,Предавањето на Спасителот” и ,,Апсењето на Христос”, на подот пред олтарот има ставено венец од трн, која ја заобиколува скалата на која се молел Христос. Наводи

Категорија:Христијанството во Ерусалим Категорија:Знаменитости во Ерусалим Категорија:Географија на Ерусалим Категорија:Маслинова гора