Мохамед „Мо“ Катир Ел Аузи (роден на 17 февруари 1998 г.) — шпански атлетичар на кратки и долги патеки.
Тој освоил бронзен медал на 1500 метри на Светското првенство 2022 и сребрен медал на 5000 метри на Светското првенство 2023. Катир исто така освоил сребрен медал на 5000 метри на Европското првенство 2022. Тој е сопственик на европскиот рекорд на 3000 метри во сала.
Катир е сопственик на три државни рекорди на Шпанија (1500 м, 3000 м, 5000 м) и е двократен државен првак.
Биографија Роден во Ксар ел-Кебир, Мароко, Мохамед Катир израснал во Мула, Мурсија, Шпанија уште од 5-годишна возраст. И покрај тоа што Катир трчал како Шпанец во младинските натрпеварувања и бил победник на државното првенство на Шпанија во крос кантри трчање, тој всушност добил шпанско државјанство во октомври 2019 година, по долг 4-годишен процес.
Во мај 2021 година, Катир за прв пат победил на трка од Дијамантската лига, победувајќи на трката на 5000 метри во Гејтсхед. Во јуни и јули, тој соборил три долготрајни шпански државни рекорди во период од само 33 дена на трките од Дијамантската лига. Прво на 10 јуни, тој истрчал нов рекорд на 5000 метри со време од 12:50.79 во Фиренца, Италија. Неколку недели подоцна, во Монако, тој поставил нов шпански рекорд на 1500 метри, завршувајќи втор зад светскиот првак од 2019 година, Тимоти Черијот, кој истрчал сопствено најдобро време во трката. Истрчаното време на Катир од 3:28.76 го рангирало како десетти најбрз атлетичар во историјата, само осум стотинки зад европскиот рекорд. Четири дена подоцна, тој победил на 3000 метри во Гејтсехд, Обединетото Кралство со време од 7:27.64, соборувајќи го рекордот на патеката поставен од Хаиле Гебреселаси. Овој резултат го рангирал Катир на 15. место на табелата на сите времиња. На крајот на годината, Катир победил на трката Сан Силвестре Валекана на 10 километри во Мадрид со нов државен рекорд, станувајќи прв домашен победник на трката по 2003 година.
На Светското првенство 2022 во Јуџин, Катир го освоил својот прв медал на големите првенства, бронза на 1500 метри, со време од 3:29,90, зад Џек Вајтман и Јакоб Ингебригтсен.«Katir devuelve el mediofondo español a la aristocracia mundial con un bronce en el 1.500». Marca, 20 јули 2022. Месец подоцна тој освоил сребрен медал на 5000 метри на Европското првенство 2022 во Минхен.
На 15 февруари 2023 година, Катир поставил нов европски рекорд на 3000 метри во сала во Лијевен, Франција (на трка во која Ламеча Гирма го соборил светскиот рекорд) со време од 7:24.68, подобрувајќи го претходниот рекорд на Адел Мечал за речиси шест секунди. Неговото време било подобро дури и од европскиот рекорд на отворено на 3000 метри кој изнесувал 7:26.62. Во август 2023 година, на Светското првенство 2023 во Будимпешта, тој освоил сребрен медал на трката на 5000 метри, заостанувајќи зад Јакоб Ингебригтсен само 0.14 секунди на целта.
Лични рекорди Дисциплина Резултат Место ДатумРекордНа отворено 800 метри 1:51.84Мадрид, Шпанија12 мај 20191.500 метри 3:28.76 Монако, Франција9 јули 20213.000 метри 7:27.64 Гејтсхед, Обединето Кралство13 јули 20215.000 метри 12:45.01 Монако, Франција21 јули 2023, 5 километри 13:20 Малага, Шпанија24 април 202210 километри 28:58Мадрид, Шпанија 31 декември 2020Во Сала1.500 метри 3:34.32 Мадрид, Шпанија22 февруари 20233.000 метри 7:24.68 Лијевен, Франција15 февруари 2023,
Наводи
Надворешни врски
Мохамед Катир на worldathletics.org Мохамед Катир на Olympics.com
Категорија:Родени во 1998 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Шпански атлетичари