Музеј на македонската борба () — музеј во Костур, Егејска Македонија. Посветен е на грчката вооружена пропаганда во Македонија, наречена „Борба за Македонија“ и припојувањето на Егејска Македонија кон територијата на Грција по крајот на Балканските војни. лево|мини|Влезот на музејот Музејот е отворен на 23 мај 2010 година и се наоѓа во куќата на револуционерот Анастасиос Пихеон, изградена во XIX век на централниот плоштад во маалото Долца и е прогласена од Министерството за култура и туризам на Грција како споменик со голема историска вредност.Ιστοσ. Υπουργείου Πολιτισμού, Αποκατάσταση αρχοντικού Πηχεώνος και μετατροπή του σε Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα Музејот е под раководство на организацијата „Пријатели на Музејот на македонската борба“.Ιστοσ. Ράδιο Άργος, Μουσείο Μακεδονικού Αγώνα Καστοριάς
Наводи
Категорија:Грчка вооружена пропаганда во Македонија Категорија:Музеи во Костур