Моноковач — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало во денешниот атар на Стенско.
Историја Моноковач било големо македонско село кое било напуштено во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Според преданието неговите жители биле ковачи и се занимавале со потковување на товарен добиток, но со текот на времето Нестрам се развил како економски центар, така што повеќето од жителите на Моноковач го напуштиле селото и заминале за Тесалија, а дел од нив го основале денешното село Стенско, за кое се смета дека е понова населба.
Наводи
Категорија:Историски села во Нестрам