Сашо Ливрински (р. во ) — македонски хармоникаш, музичар и композитор, долги години е член на Група Академци.

Животопис Ливрински е роден во Скопје на 20 јануари 1967 година. Завршил средно музичко образование во Штип, потоа Факултет за музичка уметност во Скопје. Тој е хармоникаш, композитор и аранжер.

Тој е еден од основачите на Група Академци во 1987 година, која долги години е под негово раководство.

Музичко творештво Тој има соработувано со многу пејачи на македонската естрада со: Момо Николовски, Виолета Томовска, Ефто Пупиновски, Миле Кузмановски, Сузана Спасовска, Перо Христов, Зоран Џорлев, Атина Апостолова, Златко Милошевски и други...

Во 2017 година го промовира неговиот албум со ора наречен "Вруток".

Тој е познат по: Музика и аранжман на "Билјана" на "Момо Николовски" 1991, Музика и аранжман на "Јуле Јулијана" на "Перо Христов" 1993, Музика и аранжман на "Што ако заглавиме" на Група Академци 1998, Музика и аранжман на "Што ти згрешив животе" на "Момо Николовски" 2004, Музика и аранжман на "Мое Маврово" на "Златко Милошевски" 2007, Музика и аранжман на "Роде мој Македонски" на "Виолета Томовска" 2008, Аранжман на "Налеј, налеј" во изведба на "Сузана Спасовска" (2014), Аранжман на "Барам прошка" на "Ванчо Тарабунов" 2017, Музика и аранжман на "Најубавата" на "Група Академци" 2018, Аранжман на "Илјада рози" на "Ефто Пупиновски" 2018, Аранжман на "Кате Катјуша" на "Ефто Пупиновски" 2018, Музика и аранжман на "Љубовта е магија" на "Група Академци" 2019, Музика и аранжман на "Од кафана до кафана" на "Група Академци" 2019, Аранжман на "Години златни" на "Златко Милошевски" 2023, Музика и аранжман на "Љубовна рана не се лекува" во изведба на "Перо Христов" 2023.

Надворешни врски Сашо Ливрински на YouTube. Група Академци

Наводи

Категорија:Македонски музичари