Господарство Штаргард (германски: Herrschaft Stargard, Stargarder Land или Land Stargard) — мала држава за прв пат формирана во 13 век како тера Старгардиенсис и првпат документирана во областа на границата помеѓу Бранденбург, Померанија и Мекленбург.

Историја Главниот центар бил замокот Штаргард. За прв пат бил споменат во 13 век.

Во 1236 година, преку мировен договор од Креммен, браќата Маркгрофи Јохан I фон Бранденбург и Ото III фон Бранденбург од семејството Аскани, ја добиле територијата Штаргард од померанскиот војвода Вартислав III.

Во 1292 година Штаргард била во миразот (vidualitium) на Беатрикс, ќерката на маргрофот Албрехт III од Бранденбург, мажена за принцот Хајнрих II од Мекленбург.

Поврзано

Мекленбург-Старгард

Надворешни врски

landesbibliographie-mv.de

Категорија:Мекленбург Категорија:Поранешни држави и територии во Бранденбург