Вакцините против човечкиот папиломен вирус или ХПВ-вакцините се вакцини што спречуваат зараза од одредени видови човечки папиломни вируси (ХПВ). Достапните ХПВ-вакцини штитат од два, четири, или девет видови ХПВ. Сите ХПВ-вакцини штитат барем од ХПВ-видовите 16 и 18, кои носат најголем ризик од појава на цервикален карцином. Се проценува дека ХПВ-вакцините можат да спречат 70 % од случаите на цервикален карцином, 80 % од анален карцином, 60 % од вагинален карцином, 40 % од вулварен карцином, и покажуваат повеќе од 90 % успешност во спречувањето на ХПВ-позитивните орофарингеални карциноми.

Наводи

Категорија:Вакцини