Баблика или обична баблика ( или Sorbus aria) — вид листопадно дрво од семејството на розите (Rosaceae). Автохтон е во речиси цела Европа, делови од Северна Африка (Алжир, Мароко, Тунис) како и умерените краишта на Западна Азија (Ерменија, Грузија). Во Македонија е распространет во високите делови на планините низ целата земја. Има мали димензии и засводена крошна, а листовите оздола се светлосиви. Претпочита варовнички и кредни почви. Цветовите се двополови и кремасто бели, собрани во штитовидни соцветија. Тие се појавуваат во мај и се опрашуваат од инсекти. Плодовите се жолто-црвеникави бобинки со кои се хранат птиците, а за човекот се јадливи кога ќе презреат. Во Македонија од нив се прави оцет и ракија.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Јаребики Категорија:Флора на Македонија Категорија:Флора на Европа