„Ед Вуд“ (англиски: Ed Wood) — филм на режисерот Тим Бартон од 1994 година. Автори на сценариото се Скот Александер и Лари Карашевски, а главните улоги ги играат: Мартин Ландау, Џони Деп, Сара Џесика Паркер, Патриша Аркет, Џефри Џоунс, Бил Мареј и Џулиет Ландау. Филмот претставува црнохумориситчна биографска драма во која Бартон духовите ги открива сите темни и светли страни на американската филмска индустрија. Станува збор за препознатливо дело на режисерот кој се одликува со префинет хумор и иронија, а во филмот настапува одлична актерска екипа.Ed Wood, američki film (пристапено на 16.9.2023)
Синопсис Едвард Д. Вуд, помладиот (го игра Деп) е момче кое работи како градинар во едно големо филмско студио, сонувајќи да ја достигне славата на својот идол Орсон Велс. Благодарение на една случајна средба со заборавената ѕвезда на хорор-филмовите, Бела Лугоши (го игра М. Ландау), Ед успева да се избори да го режира својот прв филм. Неговот деби претрпува целосен неуспех, како и сите негови останати проекти кои ги остварува со својот стар пријател и со неколку чудаци кои му веруваат. Сепак, тој ќе остане забележан во историјата како „најлошиот режисер на сите времиња“...
Наводи
Категорија:Американски филмови Категорија:Црно-бели филмови Категорија:Биографски филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови од 1994 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови на Тим Бартон Категорија:Филмови со Мартин Ландау Категорија:Филмови со Џони Деп Категорија:Филмови со Сара Џесика Паркер Категорија:Филмови со Патриша Аркет Категорија:Филмови со Џефри Џоунс Категорија:Филмови со Џулиет Ландау Категорија:Филмови со Бил Мареј Категорија:Филмови на Touchstone Pictures