десно|мини|Марија Антоанета и нејзините деца (1787) Кралицата е прикажана облечена во фустан украсен со чипка од Алансон. Алансонска чипка е иглена чипка која потекнува од Алансон, Франција. Понекогаш се нарекува „Кралица на чипката“. Изработката на чипка започнала во Алансон во текот на 16 век, а локалната индустрија брзо се проширила за време на владеењето на Луј XIV од Жан-Батист Колбер, кој основал кралска работилница во градот за производство на чипка во венецијански стил во 1665 година. Целта на формирањето на оваа работилница била да се намали зависноста на францускиот двор од скапиот странски увоз. Март Ла Периер ја модифицирала венецијанската техника, и Алансон се појавил како единствен стил околу 1675 година по завршувањето на монополот на Колбер. Тантелата што се користи вклучува мотиви со шари со подигнати контури на тесно набиени шевови со копчиња, надворешен раб украсен со пикоти и отворени површини со украсни додатоци.

Историја Иако побарувачката за чипка опаднала по Француската револуција, таа вратила дел од својата популарност за време на Второ Француско Царство. Света Мари-Азели Герин Мартин, мајката на Света Тереза од Лизие била познат чипкач во Алансон. Бамба Милер, сопругата на Махараџа Дулип Синг, носела наметка од Алансонска чипка на нејзината венчавка во Александрија, Египет во 1864 година. Производството на чипката од Алансон опаднало кон крајот на 19 век со промените во модата и развојот на поевтина, машинска чипка. мини| Алансонска чипка (1760-1775), МоМу-колекција, Антверпен Рачната изработка на чипката преживеалa во мал обем и техниката била зачувана од кармелитските калуѓерки во Алансон. Во 1976 година во градот била основана Национална работилница за чипка за да се осигура дека оваа техника за правење чипка ќе опстои. Има постојана изложба на чипка и изложба каде се прикажува како се изработува во Музејот на убави уметности, кој се наоѓа во центарот на градот веднаш до работилницата. Самите работилници се отворени за јавноста, но само во одредени денови од годината.

УНЕСКО ја препознал необичната изработка на оваа чипка и ја додал на својот Репрезентативен список на нематеријално културно наследство на човештвото во ноември 2010 година.

Поврзано Венецијанска чипка Бриселска чипка

Библиографија

Наводи

Надворешни врски

Алансонска чипка - Историја Алансонска чипка - илустриран опис на техниката Музеј за ликовни уметности и чипка Алансон Туристичка канцеларија Алансон Светилиштето на Алансон - Зели Мартин, познат чипкач

Категорија:Француска култура Категорија:Нематеријално културно наследство