21 Век — македонски рок бенд од Скопје. Активен е на локалната сцена од 2018 година. Свиреле на повеќе турнеи низ балканот, како и настапувале на различни фестивали во земјата и странство.

„21Век” е бенд кој го сочинуваат тројца познати музичари од скопската алтернативна сцена: Васко Атанасоски („Бернајс пропаганда”, „ХаХаХа”, „FxPxOx”), Раде Јордановски („FxPxOx”) и Дени Крстев („Бернајс пропаганда”, „Фонија”, „My Tear”).

Музиката на „21Век“ претставува силно експресивна палета на влијанија движејќи се од правци како пост-панк сè до македонската традиционална музика. Критичарите, нивната музика ја карактеризираат како „поп музика вкоренета во длабок андерграунд”.

„21 век се најљубовниот панкерски бенд или најпанкерскиот љубовен бенд. Нема друг како Васко, кој може во 3 скромни зборови да опише еден цел грст емоции. А Раде и Дени, неговите санчопансовци, умешно го следат јавајќи кон зајдисонцето.

Со нивните 3 енергетски набиени албуми издадени во рок од две години, 21 век само го трансформираа целото музичко и животно искуство од нивните претходни состави (My tear, Bernays Propaganda, FxPxOx, XAXAXA) во лирична зрелост. 21 век не е бенд, туку жесток порив за корнење на срцето. Да заплачеш и заиграш.“

- ЗДРАВО МЛАДИ

Настапи

16 ноември 2018 - промоција на деби албум во кафулето „Винил“ - Скопје 26 јули 2020 - МКЦ за Скопје, МКЦ, Скопје 03 септември 2022 - на 12. Здраво млади, МКЦ, Скопје Мини турнеја на 21 Век - 2022 г.

22.03 Feedback, Ниш, Србија;

23.03 Клуб Močvara, Загреб, Хрватска;

24.03 Клуб Kotač, Пула, Хрватска;

25.03 Azimut, Шибеник, Хрватска;

26.03 Клуб Kocka, Сплит, Хрватска;

27.03 Propaganda bar, Никшич, Црна Гора.

28 декември 2022 - 50 ГОДИНИ МКЦ во МКЦ 22 април 2023 - Настап на ARTAN LILI + 21VEK во Apolo, Панчево

Прв самостоен концерт

01 септември 2023 - 21 ВЕК КОНЦЕРТ, во МКЦ, Скопје

По прославата од пет години од оформувањето, три студиски албуми и илјадници километри поминати за време на нивните настапи надвор од државата, скопското музичко трио „21Век” го одржале својот прв самостоен концерт во Денсинг салата на МКЦ на 1 септември 2023.

Дискографија Музичкиот состав зад себе има три студиски албуми снимени во скопското студио „1060“:

„1“ (2020), „2“ (2020) и   „Си нацртав живот“ (2021). Песната „Ужасно ми фалиш“, прва на албумот „Си нацртав живот”(2021) се задржала долго време на репертоарот на домашните радио фреквенции, а токму албумот го добил епитетот како „највеселиот албум за тешките љубовни јадови”.

Дополнителна литература

Интервју со „21 Век“ за Култура Бета Интервју со „21 Век“ за Слободен Печат Интервју со „21 Век“ за Умно Интервју со „21 Век“ за Екран

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Официјална Фејсбук страна

Категорија:Македонски алтернативни рок групи Категорија:Македонски панк рок групи Категорија:Македонски рок-групи