мини| Тороид кој користи квадрат. мини| Торот е еден вид тороид. Во математиката, тороид е површина на револуција со дупка во средината. Оската на вртење минува низ дупката и така не ја пресекува површината. На пример, кога правоаголникот се врти околу оската напоредна на еден од неговите рабови, тогаш се создава шуплив прстен со пресек на правоаголник. Ако се врти фигурата е круг, тогаш предметот е наречен тор.

Поимот тороид е користен и за опишување на тороидален полиедар. Во овој контекст, тороидот не мора да биде кружен и може да има кој било број на дупки. Тороид со дупка како „g“ може да биде гледан како приближување на површината на тор со тополошки род, „g“, од 1 или поголем. Ојлеровата одлика χ на тороидот со g дупка е 2(1- g ).Stewart, B.; "Adventures Among the Toroids:A Study of Orientable Polyhedra with Regular Faces", 2nd Edition, Stewart (1980).

Торот е пример за тороид, кој е површина на крофна. Крофните се пример за цврст тор создаден со вртење на дискот и не треба да бидат мешани со тороиди.

Тороидалните структури се јавуваат и во природни и во синтетички материјали.

Равенки Тороидот е одредуван со радиусот на вртење R измерен од средината на вртливиот дел. За симетрични пресеци може да бидат пресметани волуменот и површината на телото (со обем C и плоштина А на делот):

Квадратен тороид Волуменот (V) и површината (S) на тороид се дадени со следните равенки, каде што A е плоштината на квадратниот пресек на страната, а R е радиусот на вртење.

Кружен тороид Волуменот (V) и површината (S) на тороид се дадени со следните равенки, каде што r е радиусот на кружниот пресек, а R е радиусот на целокупниот облик.

Поврзано

Тороидни индуктори и трансформатори Тороидни пропелери Анулус Соленоид Завојница

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Геометриски фигури Категорија:Топологија Категорија:Никулци за геометрија