мини|Предложено знаме на Република Урал. Република Урал () бил непризнаен субјект на Руската Федерација кој постоел од 1 јули 1993 до 9 ноември 1993 година во границите на регионот Свердловска област. Формирана била како резултат на референдумот одржан на 12 април 1993 година од страна на Едуард Росел.
Таа била организирана од тим локални политичари, од кои еден од нив, Антон Баков, https://66.ru/news/columnists/200008/ е и автор на проектот за валута за Републиката, уралскиот франк.
Историја мини|Локација на Големата Уралска Република
[ потребен е цитат ]25 април - Прашањето за давање статус на Република на Свердловската област било поднесено на референдум. 1 јули - Регионалниот совет на Свердловск донел одлука за прогласување на Република Урал. 14 септември - Шефовите на регионите Свердловск, Перм, Челјабинск, Оренбург и Курган одлучиле да учествуваат во развојот на економскиот модел на Република Урал врз основа на регионите на Урал.Не бойтесь, земляки // На смену!— 1993.— 21 сентября.Оренбуржье.— 1993.— 23 сентября. Проектот на новиот територијален ентитет го добил името „Голема Уралска Република“. 27 октомври - Регионалниот совет на Свердловск го одобрил Уставот на Република Урал. Текстот на Уставот е објавен во „Регионален весник“. 31 октомври - стапил на сила Уставот на Република Урал. 2 ноември - Едуард Росел учествувал на проширен состанок на Советот на министри на Руската Федерација.Вечерний Екатеринбург.— 1993.— 4 ноября. На тој состанок рускиот претседател Борис Елцин рекол дека желбата на регионите да го подигнат сопствениот статус бил природен процес и дека владата треба да го земе предвид. 5 ноември - На прес-конференцијата Едуард Росел кашал за поддршката на Република Урал од страна на Елцин и за неговата намера да продолжи со развојот на Републиката.Вечерний Екатеринбург.— 1993.— 6 ноября. 8 ноември - Регионалниот совет објавил дека изборите за гувернер и изборите на дводомното законодавно собрание на Република Урал ќе се одржат на 12 ноемвриВечерний Екатеринбург.— 1993.— 10 ноября. 9 ноември - Претседателски декрет број 1874 за распуштање на Регионалниот совет на Свердловск, а потоа, на 10 ноември - Уредба бр. 1890 за разрешување на Едуард Росел. Сите нивни одлуки во врска со Република Урал биле прогласени за ништовни.Российская газета.— 1993.— 10 ноября. Валери Трушников бил назначен за шеф на администрацијата на Свердловската област.
Наводи
Категорија:Поранешни држави Категорија:Свердловска област Категорија:Русија во 1993 година Категорија:Поранешни републики Категорија:Политичка историја на Русија Категорија:Руски сепаратизам