ЈУДГ „Павлина Велјанова“ - објект „Кокичиња“ (позната и како Градинка „Кокичиња“ - Оризари) ― детска градинка која се наоѓа во Оризари, Општина Кочани. Таа е огранок на главната градинка „Павлина Велјанова“.
Местоположба
Градинката се наоѓа во северниот дел на Оризари, веднаш на исток од ОУ „Крсте Петков Мисирков“. Зградата ја дели со Подрачната библиотека „Искра“.
Историја
Градинката била отворена во 2016 година од страна на тогашниот кочански градоначалник Ратко Димитровски и дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика Диме Спасов. Адаптацијата на зградата во која е сместена градинката започнала во 2014 година и се правела со средства од општината и од министерството во висина од 3 милиони денари.
Особености
Градинката има капацитет за 50 деца.
Галерија
Поврзано Објект „Бамби“ Објект „Детелинка“ Објект „Цветови“ Објект „Ѕвездички“ Објект „Сончогледи“
Наводи
Надворешни врски
„Кокичиња“ на Златна книга
Категорија:Детски градинки во Општина Кочани Категорија:Оризари (Кочанско)