Шталхелм () е германски воен челичен борбен шлем наменет да обезбеди заштита од шрапнели и фрагменти или парчиња гранати. Терминот Stahlhelm се однесува и на генерички челичен шлем и поконкретно на препознатливиот германски воен дизајн. Оригиналниот Шталхелм е дизајниран во текот на Првата светска војна, под ознаката M16, во време кога бројни Европски војски ја засилиле заштититата на своите војници. Употребата на шлемовите Шталхелм е продолжена и подоцна каде овие шлемови во Германската војска можеле да се видат до почетокот на 1960-тите. Покрај Германија, Шталхелм го користиле и други земји, претежно германски сојузници или оние земји кои купувале германска опрема.

Наводи

Категорија:Германизми Категорија:Модата во 20 век