Република Тарнобжег () бил краткотраен политички ентитет, прогласен на 6 Ноември 1918 година во полскиот град Тарнобжег. Нејзини главни основачи биле двајца социјалистички активисти, Томаш Дабал и католичкиот свештеник Еугениус Окон.

Историја мини|Евгениус Окон Идејата за Република имала корени во масовните демонстрации на селаните, кои се случувале речиси секојдневно во есента 1918 година. Тарнобжег бил дел од Австроунгарија (Кралството Галиција и Лодомерија) и распаѓањето на овој ентитет создал политички немири. На 6 Ноември, по демонстрациите со околу 30.000 луѓе, локалните селани решиле да ја искористиле и да ја преземеле власта.

Како што стасале вестите за Руската револуција во Тарнобжег, социјалистичките активисти решиле да ги следат комунистичките идеи. Тие барале ликвидација на капиталистичката влада и воведување земјишна реформа, што ќе резултирала со одземање на земјата од богатите сопственици и нејзино давање на сиромашното селанство. Исто така, во режија на Окон и Дабал, селаните почнале да организираат локална администрација, како и селанска милиција.

Република Тарнобжег била потисната од единиците на новосоздадената полска армија на почетокот на 1919 година. Отец Окон бил уапсен, но набрзо ослободен, кога локалното население го избрало во Полскиот Парламент.

Наводи Encyklopedia.interia Republika Tarnobrzeska Archived 3 March 2016 at the Wayback Machine A demonstration in Tarnobrzeg in early years of the 20th century, probably in 1918 Archived 3 March 2016 at the Wayback Machine

Категорија:Поранешни комунистички републики Категорија:Поранешни држави Категорија:Држави и територии распаднати во 1919 година Категорија:Држави и територии настанати во 1918 година Категорија:Поранешни републики Категорија:Револуции во 20 век