Христо Петрески (4 февруари 1957, ) — македонски писател, сликар, новинар и директор на издавачката куќа „Феникс“.

Животопис Петрески е роден на година во Крушево. Дипломирал на Економскиот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје. Тој е основач е и директор на издавачката куќа „Феникс“ и Фондацијата „Македонија презент“ - Скопје.

Тој станал член е на Друштвото на писателите на Македонија во 1985 година.

Исто така, тој е еден од основачите на списанието „Стожер“ и на манифестацијата „Празник на липите“, а бил и главен и одговорен уредник на списанието „Книжевна академија“. Активно се занимавал и со сликарство, учествувал на повеќе ликовни колонии и бил повеќепати изложуван.

Во периодот од 2022 до 2024-та бил и претседател на Друштвото на писателите на Македонија.

Творештво Поетски книги за возрасни: "Огледало" ("Современост" - Скопје, 1979) "Вулканска потреба" ("Култура" - Скопје, 1981) "Разговор со ѕидовите" (Разговор са зидовима) ("Омладинска искра" - Сплит, 1981) "Во јагодата црв" (У јагоди црв) ("Студентски збор" - Скопје, 1982) "Врв" (Врх) ("Мисирков" - Битола, 1983) "Штит" ("Мисла" - Скопје, 1985) "Туѓо тело" (Туѓе тело) ("Македонска книга" - Скопје, 1990) "Патник на враќање" (Путник у повратку) ("Мацуо Башо" - Оџаци, 1991) "Забел" (Забел) (избор, "Мисла" - Скопје, 1991) "Камен јазик" (Камени језик) ("Феникс" - Скопје, 1996) "Стаклен клуч" (Стаклени кључ) ("Феникс" - Скопје, 2003).

Поетски книги за деца и млади: "Бонсаи" ("Детска радост" - Скопје, 1991) "Бел петел врн ветер" (Бели петао црни ветар) (брзозоборки, "Детска радост" - Скопје, 1992)

Проза за возрасни: "Продавница на чист воздух" (Продавница чистог ваздуха) ("Мисла" - Скопје, 1988) "Добриот ѓавол" (Добри ѓаво) ("Феникс" - Скопје, 1996)

Проза за деца и млади: "Скопскиот трамвај" (Скопски трамвај) ("Феникс" - Скопје, 1996) "Најголемата тајна" (Највеќа тајна) ("Феникс" - Скопје, 2004)

Критики: "Споени садови" (Спојени судови) ("Наша книга" - Скопје, 1986)

Публицистика: "Дванаесет горостаси" (Дванаест горостаса) ("Млад борец" - Скопје, 1983) "Собеседници" (Сабеседници) ("Наша книга" - Скопје, 1989)

Антологии и избори: "Вишнеења" (Узвисивања) (родољубива поезија, "Млад борец" - Скопје, 1980) "Визија на целината" (Визија целине) (светски краток расказ, "Мисла" - Скопје, 1992) "Белиот фустан" (Бела хаљина) (светска куса проза, "Феникс" - Скопје - 2001) "Во стварноста е реалноста сосема поинаква" (У стварности је реалност сасвим другачија) (светски графити, "Феникс" - Скопје, 2002) "Подарок од срцето" (Дар од срца) (љубовни песни и писма, "Феникс" - Скопје, 2003)

Во октомври 2014 година, во Здружението на писателите на Србија биле промовирани две збирки поезија на Петрески: „Погрешен човек“ и „Под потковицата на коњот“, објавени двојазично, на македонски и на српски јазик. „Погрешен човек“ е објавена од Националниот совет на Македонците во Србија, додека втората збирка е издание на Клубот на љубителите на книгата „Мајдан“. Исто така, на меѓународниот саем на книгата во Белград била претставена и збирка раскази на Петрески (на српски јазик), во издание на „Арте“ од Белград.„Промоција на две книги од Христо Петрески во Белград“, Дневник, година XVIII, број 5601, понеделник, 27 октомври 2014, стр. 19.

Награди Христо Петрески е добитник на повеќе награди: за стихозбирката „Камен јазик“ ја добил наградата „Ацо Шопов“ за новинарската дејност ја добил наградата „Крсте Петков Мисирков“ за книгата за деца „Скопскиот трамвај“ ја добил наградата „Васил Куноски“ за хаику поезија добил награда на Книжевната општина Вршац добитник е на наградата на ДПМ „Празник на липите“ за најдобра песна и есеј добитник е на награда на Културно-просветната заедница на Македонија добитник е на награда на Републичката конференција на младината на Македонија за збирката поезија „Погрешен човек“ ги добил наградите „Иво Андриќ„ и „Македон“ 2012 - „Рациновото признание“ за „Лифтот (не) е за двајца“ 2021 - награда „Караманов“ за стихозбирката „Пергамент“

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Крушево Категорија:Растојца Категорија:Членови на ДПМ Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски новинари Категорија:Југословенски писатели Категорија:Југословенски сликари Категорија:Југословенски новинари Категорија:Добитници на наградата „Рациново признание“ Категорија:Апсолвенти на Економскиот факултет - Скопје