Станков Шоп — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Нестрам во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало на 2 км југозападно од селото Граче.
Историја Станков Шоп било мало македонско село кое се распаднало во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Неговите жители, заедно со тие од околните села, биле одведени во Јанина, каде што му слугувале на пашата.
Наводи
Категорија:Историски села во Нестрам