Парада на гордоста Скопје (англиски Скопје прајд) — парада која се организира секоја година во Скопје. Мотото на Скопје Прајд гласи „гласни и горди“, а настанот е организиран од страна на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија. Последниот настан бил организиран на 24 јуни 2023 година.
Заднина Парада на ЛГБТ заедницата во Скопје, насловена како „Скопје прајд“ за првпат се одржала во јуни 2019 година. На првиот настан учествувале активисти за ЛГБТ-права од самата земја како и земјите во регионот (Грција, Бугарија, Албанија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина и Црна Гора), од странски амбасадори и политичари. На истиот ден, контрамарш бил организиран од страна на граѓанско-верски собири за „зачувување на вистинските вредности“.
Наводи
Надворешни врски Официјална страница Skopje Pride 2023
Категорија:ЛГБТ права во Македонија