Мери Изобел Кетрин Бернадет О'Брајан (анг: Mary Isobel Catherine Bernadette O'Brien; 16 април 1939 г. – 2 март 1999), позната по нејзиното уметничко име Дасти Спрингфилд (Dusty Springfield) и наречена Белата соул кралица (White Queen of Soul) ― англиска поп и соул пејачка чија кариера се протегала од доцните 1950-ти до 1990-тите. За време на врвот на нејзината популарност во 1960-тите, била меѓу комерцијално најуспешните британски пејачки во Обединетото Кралство и САД.
Родена е во Вест Хемпстед во Лондон во семејство кое ја сакало музиката. Во 1958 година, се приклучила на нејзината прва професионална група, Д Лана Систерс (анг: The Lana Sister). Две години подоцна, Дасти заедно со нејзиниот брат Том Спрингфилд и Тим Филд, ја основале групата Д Спрингфилдс (анг: The Springfields). Нивните најуспешни песни ги отпеале во 1963 година: Остров на Соништа (анг: Island of Dreams) и Кажи дека нема да бидам таму (анг: Say I Won't Be There).
Дасти својата соло кариера ја започнала кон крајот на 1963 година со објавување на песната Сакам да бидам само со тебе (анг: I Only Want to Be with You) која се искачила на 4 место на британската топ листа и е прва нејзина песна која се пласирала во топ-40 во САД. Други нејзини песни кои станале хитови во САД биле: Остани уште малку (анг: Stay Awhile) (1964), Само тебе те гледам (анг: All I See Is You) (1966), Ќе пробам било што (анг: I'll Try Anything) (1967) и двете нејзини најпопуларни песни: Не мораш да кажеш дека ме сакаш (анг: You Don't Have to Say You Love Me) (1966 Обединето Кралство бр. 1/САД бр. 4) и Сан оф а Причр мен (анг: Son of a Preacher Man)) (1968/69 Велика Британија бр. 9/САД бр. 10). Последната песна се наоѓа нејзиниот на поп и соул албум Дасти во Мемфис (Dusty in Memphis) од 1968 година, едно од најважните дела на Спрингфилд. Во март 2020 година, Конгресната библиотека од САД го додала албумот во Националниот регистар на записи, кој содржи аудио снимки кои се сметаат за „културно, историски или естетски значајни“.
Од 1964 до 1969 година, Спрингфилд имала голем успех во нејзината родна Британија со неколку песни кои во Америка или не успеале да се најдат на топ листите или не биле објавени, како Не знам што да правам со себе (анг: I Just Don't Know What to Do with Myself), Малку од твојата љубов (анг: Some of Your Lovin), Одиме назад (анг: Goin' Back) и Ги затворам очите и бројам до десет (анг: I Close My Eyes and Count to Ten). За разлика од тоа, некои нејзини песни биле успешни во САД (но не и во Обединетото Кралство) како: Посакувам и се надевам (анг: Wishin' и Hopin'), и Ветерниците во твојот ум (анг: The Windmills of Your Mind)
Од 1971 до 1986 година, Спрингфилд иако објавила пет албуми, немала некој поголем хит. Сепак во 1987, песната Што направив да го заслужам ова? (анг: What Have I Done to Deserve This?) во соработка со британското синтпоп дуо Pet Shop Boys, ја вратила Дасти на врвот на топ листите; се искачила на второ место на Табелата за синглови во Велика Британија и на Билбордовиот хот 100. Оваа соработка, исто така, исфрлила уште два Топ 20 хита во 1989 година во Велика Британија: Ништо не е докажано (анг: Nothing Has Been Proved) и На само (анг: In Private). Во 1990 година, Спрингфилд со песната „Reputation“ повторно се нашла на топ листите и оваа песна била последната од 25-те нејзини песни кои се пласирале на британската Топ 40 листа.
Дасти Спрингфилд, на британската телевизија, била презентер во многу епизоди од британската ТВ-музичка серија од 1963-1966 година Реди, Стеди, Гоу! (анг: Ready Steady Go!), а од 1966 до 1969 година, водела своја емисија на Би-Би-Си и ITV.
Таа е член во Куќата на славните на рокенролот и во Куќата на славата на британската музика. Спроведените меѓународни анкети ја вбројуваат Дасти Спрингфилд како една од најдобрите женски поп-пејачки на сите времиња.
Детство и младост Дасти Спрингфилд е родена како Мери Изобел Кетрин Бернадет О'Брајан на 16 април 1939 година во Вест Хемпстед,O'Brien, p. 3. како второ дете од родители со ирско потекло.Valentine and Wickham, p. 20.
Спрингфилд до раните 1950-ти живеела во Хај Вајкомб, Бакингемшир, а потоа во Илинг во Западен Лондон.Gulla, p. 357. Учела во манастирско училиште за девојчиња. Прекарот Дасти (од англиски dusty - со прашина) го добила затоа што играла фудбал со момчиња на улица и била опишана како машкуданеста.Leeson, p. 14.
Спрингфилд пораснала во семејство кое ја сакало музика. Таа слушала најразлична музика, како Џорџ Гершвин, Роџерс и Харт, Роџерс и Хамерштајн, Кол Портер, Каунт Бејзи, Дјук Елингтон и Глен Милер.Gulla, p. 358. Го сакала американскиот џез и пејачите Пеги Ли и Џо Стафорд, и сакала да пее како нив. На 12-годишна возраст, во продавница за плочи во Илинг, се снимила себеси како ја изведува песната од Ирвинг Берлин Кога полноќното Чу-Чу заминува за Алабама (анг: When the Midnight Choo-Choo Leaves for Alabamа).
Кариера
Почетоци на кариерата Откако го завршила училиштето, Дасти Спрингфилд заедно со брат ѝ Том пеела во локалните фолк клубови, а во 1957 година работеле во одморалишта Следната година Спрингфилд се придружила на групата Д Лана Систерс, во кој пееле Ајрис 'Рис' Лонг и Лин Абрамс (кои всушност не се сестри).
Во 1960 година Дасти Спрингфилд ја напуштила групата и заедно брат ѝ Том Спрингфилд и Тим Филд, го основале фолк-поп вокалното трио Д Спрингфилдс. Членовите на групата ги усвоиле уметничките имиња Дасти, Том и Тим Спрингфилд.Valentine and Wickham, p. За да направат автентичен американски албум, групата отишла во Нешвил, каде ги снимиле Фолк сонгс фром д Хилс (анг: Folk Songs from the Hills) Во анкета спроведена од 1961 и 1962 година, Д Спрингфилдс биле прогласени за најдобра британска вокална група, но сепак нивните најуспешни песни ги отпеале во 1963 година: Остров на Соништа (анг: Island of Dreams) и Кажи дека нема да бидам таму (анг: Say I Won't Be There), и двете песни се искачиле на петто место. Групата учествувала во музичката серија, Реди, Стеди, Гоу! (анг: Ready Steady Go!)Gulla, p. 360.
Дасти Спрингфилд ја напуштила групата по нивниот последен концерт во октомври 1963 година.
Соло кариера Дасти го издала својот прв соло сингл, Сакам да бидам само со тебе (анг: I Only Want to Be with You), во ноември 1963 година, кој содржи ритам и блуз елементи, што потсеќа на музичарите кои влијаеле врз Спрингфилд како Ексајтерс (анг: Exciters) и Ширелс (анг: the Shirelles)Gulla, pp. 363–364. Синглот дебитирал на Billboard Hot 100 топ-листата на 25 јануари 1964 година, една недела по првиот хит на Битлси „I Want to Hold Your Hand“ и во иста недела кога песната од Битлси „She Loves You“ се нашла на топ листата, што ја ставило Дасти Спрингфилд на чело на британската инвазија. Првата емисија од неделната музичка програма од Би-Би-Си, На врвот на Попот (анг: Top of the Pops), на која биле прикажувани песни од топ листите била емитувана на 1 јануари 1964 година, а Сакам да бидам само со тебе (анг: I Only Want to Be with You) била прва прикажана песна во серијата. Синглот имал златен тираж во ОК, а неговата Б-страна, „Once Upon a Time“, била напишана од Спрингфилд.
Првиот солистички албум на Дасти Спрингфилд - Девојка по име Дасти (анг: A Girl Called Dusty) – кој претежно содржи преработки на нејзините омилени песни – бил објавен на 17 април 1964 година во ОК (но не и во Америка). Истата година била избрана за британска пејачка на годината во анкетата на читателите на Нов Музички Експрес, пред Лулу, Сенди Шо и Сила Блек. Дасти Спрингфилд оваа награда повторно ја добивала во следните три години.
Од 28 до 30 јануари 1965 година Спрингфилд учествувала на Фестивалот на италијанската песна во Сан Ремо, но не успеала да се квалификува во финалето. За време на фестивалот, таа ја слушнала песната „Io Che Non Vivo (Senza Te)“, во изведба на еден од нејзините композитори, Пино Донаџо, и одделно од американската кантри пејачка Џоди Милер.Gulla, p. 365. Верзијата на англиски јазик, Не мораш да кажеш дека ме сакаш (анг: You Don't Have to Say You Love Me), содржела стихови допишани од пријателката на Спрингфилд (и нејзин иден менаџер) Вики Викам и уште еден нејзин иден менаџер, Сајмон Непиер-Бел. Дасти Спрингфилд ја објавила баладата во март 1966 година и таа се искачила на прво место во ОК на листата за синглови. Следел успех на песната и во САД, каде што во јули се искачила на 4 место на Hot 100 на Билборд, и била рангирана на 21 место за таа година. Во 1967 година Спрингфилд била номинирана за Најдобра современа соло вокална изведба – награда за машки или женски пол на 9-тото годишно доделување на Греми награди, но победил Пол Макартни со песната Еленор Ригби (анг: Eleanor Rigby). Во 1999 година, според гласовите на слушателите на BBC Radio 2, Не мораш да кажеш дека ме сакаш (анг: You Don't Have to Say You Love Me) била вброена во најдобрите 100 песни на сите времиња.
Во 1966 година, Спрингфилд имала и три други хитови во Велика Британија: Малку по малку (анг: Little By Little) (бр. 17), Одиме назад (анг: Goin' Back) и баладата Само тебе те гледам (анг: All I See Is You) (бр. 9). Компилацијата од нејзините синглови, Златни Хитови, објавена во ноември 1966 година, се искачила на второ место во ОК. Од средината на 1960-тите, кога снимала придружни вокали за други уметници Спрингфилд го користела псевдонимот „Гледис Тонг“.Randall, (2009), pp. 32, 57, 173.
Во овој период, Спрингфилд била позната и по нејзината љубов кон Мотаун. Таа го претставила звукот на Мотаун на пошироката публика во ОК, преку нејзините обработки на песни од Мотаун и преку помагање во Обединетото Кралство за прв пат да се појават уметници како Temptations, the Supremes, Martha & The Vandellas, the Miracles и Стиви Вондер во специјалното издание на 1963-1963 година (во ТВ-музичката емисија Реди, Стеди, Гоу!, продуцирана од Вики Викам).Randall, (Fall 2005).
Кон крајот на 1960-тите, музичката кариера на Дасти се искомплицирала поради тоа што нејзиниот продуцент Гери Гофин започнал соло кариера и поради „прогресивната“ музичка револуција. Така, таа била ограничена на турнеи во Обединетото Кралство во клубови, хотели и кабареа. За да ја заживее својата кариера и за до го зацврсти својот кредибилитет, Дасти потпишала со Атлантик рекордс, продукциска куќа каде што била и нејзиниот идол Арета Френклин. (Потпишала со издавачот само во Соединетите Американски Држави; во Обединетото Кралство таа останала под договор со Philips.)
Сесиите во Мемфис биле продуцирани од Џери Векслер, Том Дауд и Ариф Мардин; придружните вокали ги пеела групата Sweet Inspirations. На почетокот, чувствувала анксиозност поради самата помисла на соул великаните кои снимале во истите студија.Gulla, p. 369. Векслер почувствувал дека Спрингфилд има „огромен комплекс на помала вредност“, а поради нејзиното инсистирање за совршенство, нејзиниот вокал подоцна бил повторно снимен во Њујорк.
Во ноември 1968 година, за време на сесиите во Мемфис, Спрингфилд му предложила на Векслер (еден од раководителите на Атлантик Рекордс) да потпише со новоформираната британска група Лед зепелин. Таа го познавала бас гитаристот на групата, Џон Пол Џонс, кој работел на нејзините претходни албуми. Без да се сретне со нив и делумно по нејзин совет, Векслер потпишал договор со Лед зепелин вреден 200.000 долари - најголемиот таков договор за нова група дотогаш.
Албумот Dusty in Memphis добил одлични критики во Велика Британија и во САД.Gulla, p. 370.
Албумот немал комерцијален успех и слабо котирал на топ листите.Gulla, p. 370. Албумот не се нашол на топ листите во ОК, а во април 1969 година се искачил само од 99-то место на топ листите на Билборд, Note: Click on tab to access Albums charting. со продажба од 100.000 примероци. Сепак, во 2001 година албумот ја добил наградата Куќа на славата Греми, а бил вброен меѓу најдобрите албуми на сите времиња од американското музичко списание Ролинг Стоун и во анкетите спроведени од VH1, Њу мјузикал експрес и британската ТВ мрежа Канал 4.