Катафики () — впечатлива клисура во Костурско, Егејска Македонија. Сместена е на 1 км јужно од поранешното село Ветерник.
Клисурата e тесна, сместена на реката Бистрица (тука наречена Белица) меѓу врвовите Скала на југ и Фламбуро на север во планината Грамошта. Ја поврзува котлината во која е сместено селото Грамошта и таа во која се наоѓало селото Загар.
За време на Граѓанската војна во клисурата била сместена болницата на ДАГ.
Надворешни врски
До Катафики од Грамошта (патопис) До востаничката болница во Грамошта (патопис)
Наводи
Категорија:Клисури во Егејска Македонија Категорија:Нестрам Категорија:Бистрица (Егејска Македонија) Категорија:Грамошта