Кофукуџи () — древен будистички храм во Јапонија во градот Нара. Храмот е заштитен како место на светското наследство на УНЕСКО. Овој храм е главниот храм на школата Хосо (што одговара на индиската филозофска школа Јогачхара, основач на школата е Дошо). Храмот ја продолжува традицијата на Куша и Сарвастивада, сосредоточена на проучувањето на трактатот на Васубандху „Абхидхармакоша“. Храмот е еден од седумте најголеми храмови на југот. Основан е во Кјото, но е преместен во Нара во 710 г.
Храмот бил оштетен и уништен од граѓански војни и пожари многупати, и бил обновен исто толку пати, иако на крајот некои од важните градби, како една од трите златни сали, Нандаимон, Чумон и ходникот никогаш не биле преустроени и денес ги нема.
Наводи
Надворешни врски
Страницата на Кофукуџи
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Будистички храмови Категорија:Будизам во Јапонија Категорија:Јапонска култура Категорија:Храмови