мини|Венов дијаграм со најмалите заеднички содржатели на сите подмножества на {2, 3, 4, 5, 7}

Во аритметиката, најмалиот заеднички содржател (НЗС) од два цели броја е најмалиот природен број што е делив со двата без остаток. Ако еден од дадените броеви е нула, нивниот најмал заеднички содржател по дефиниција е нула. Аналогно на тоа се дефинира и најмалиот заеднички содржател на повеќе цели броеви.

Најмалиот заеднички содржател, на пример, дозволува собирање дропки со различни именители. Пример: најмал заеднички содржател за броевите 5 и 3 би бил бројот 15. Најмалиот заеднички содржател е неопходен и при одземање на дропки, бидејќи поинаку не може да се одземаат.

Поврзано Најголем заеднички делител Најмал заеднички именител

Категорија:Теорија на броевите Категорија:Елементарна аритметика Категорија:Аритметика