мини| Две осмини и четвртина пауза. мини|247x247пкс|Делови на осмината:1. Глава2. Врат3. Бајраче Осмина или осмина нота — нотна вредност претставена со црна јајцевидна нотна глава, на која се надоврзува врат со барјаче. Положбата на нотната глава во петолинието ја означува нејзината висина.
Барјачето може да се умножи за да се подели времетраењето на нотата: на тој начин се конструираат шеснаесетини, триесетидвоини и шеесестчетвртини.
Времетраењето на осмината е еднакво на половина од четвртината, четвртина од половина и осмина од цела нота. Спротивно на тоа, вреди двојно повеќе од шеснаесетината, четири пати повеќе од триесетидвоината и сл.
На пример, во такт нумериран 4/4, осмината нота вреди половина отчукување, или осмина од тактот.
Паузата која трае исто како и осмината нота е полувоздишка.
Нотација Вратот е ориентиран или нагоре или надолу поради естетски причини и леснотија на читање. Генерално е ориентиран нагоре кога нотата е на дното на петолинието и обратно, за да се ограничи излегувањето од рамките. Во полифоните дела, ориентацијата на вратовите може да се користи за да се разликуваат различните гласови.
За визуелно групирање на неколку осмини ноти, лентите ги заменуваат барјачињата: тоа е лигатура.
врска=Fichier:Eighth_note_run.svg|130x130пкс Лигатура на четири осмини
Лигатура може да ги поврзе нотите кои припаѓаат на ист такт.
Во вокалната музика, се користат осмини кога на секоја нота ѝ е доделен различен слог (и се користи лигатура кога истиот слог е доделен на неколку ноти).
врска=Fichier:YB0106_Notes_liens.png|380x380пкс Поврзување на ноти со барјачиња.
Поврзано Нотна вредност Ритам
Наводи
Категорија:Нотни вредности Категорија:Музичка терминологија Категорија:Теорија на музиката Категорија:Музичка нотација