Европска бубаќарка или обична бубаќарка () — вид растение од семејството на лисичинките (Boraginaceae). Домородна е во Европа, Азија и Северна Африка, но денес одомаќинета и на други места како Австралија и Северна Америка. На некои места расте како крајпатна билка. Ова едногодишна билка има вретенест корен и достигнува висина од највеќе 40 см. Стебленцето има овален пресек, а листовите се обраснати со меки влакненца. Соцветијата се завиени шилки од бели цветови со власести или четкести чашкини ливчиња. Секој цвет има пречник од само неколку милиметри. Плодот е ситна џумкава јатка.
Отровност Растението е отровно и содржи пиролизидински алкалоиди.The MERCK Veterinary Manual, Table 5
Во Македонија Широко распространето растение, живее во низини, и на повисоки места до 1000 метри надморска височина. Се развива на камењари и брдски пасишта, покрај патишта и на рудерални места.
Расте во Скопје, Гази Баба, Сарај, Жеденска Клисура, Рашче, Катлановска Бања, Куманово, Старо Нагоричане, Велес, Иванковци, Овче Поле, Штип, Пробиштип, Кочани, Кратово, Прилеп, Плетвар, Кавадарци, Стар Дојран, Мрдаја, Сува Гора: Челопек, Македонски Брод, клисурата на Црна Река: меѓу Доленци и Железнец, Струга, Охрид, Пештани, околу реката Вардар кај Велес, Охрид, Западна Преспа, Струмичко, Крива Паланка, и други места.Владо Матевски: Флора на Република Македонија, том II, св. 1, стр. 79, издавач: МАНУ, Скопје, 2010
Наводи
Надворешни врски
Фотогалерија
Категорија:Бубаќарка Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Флора на Македонија