Тодор — македонско, бугарско и српско име, месен превод на името Теодор. Унгарскиот облик на името е преведувано слично како Тодор (Tódor).
Како облик на името Теодор, Тодор на крајот потекнува и од грчкото име Теодорос (Θεόδωρος) што означува „дар од Бога", од теос (θεός; бог) и дорон (δῶρον; дар). Словенски еквиваленти со слично значење се Божидар и Богдан. Англиското име Тод е исто така слично, но има различно значење.
Македонските деминутиви се Тоше, Тошо и Тодорче, додека бугарските деминутуви се Тоше, Тошо и Тошко.
Забележителни луѓе
Тодор Александров Тодор Батков Тодор Бурмов Тодор Тодоров (појаснување) Тодор Диев Тодор Иванчов Тодор Каблешков Тодор Карман Тодор Колев (појаснување) Тодор Манојловиќ Тодор Паница Тодор „Тоше“ Проески Тодор Гечевски Тодор Скаловски Тодор Стојков Тодор Веселиновиќ Тодор Живков
Поврзано
Теодор Тирон/Амасиски (познат како Свети Тодор) Тодоров Тодоровиќ Тодоровски
Наводи
Категорија:Македонски машки имиња Категорија:Бугарски машки имиња Категорија:Српски машки имиња Категорија:Машки имиња