Миџор () или Миџур () — врв на Стара Планина, на границата помеѓу Бугарија и Србија. Со 2.169 м претставува највисок врв во потесна Србија и втор по висина ако се брои Косово.Највисок врв во Србија официјално е Рудока (2.658 м) на Шара, доколку се Косово се брои во Србија.
Во Бугарија Во Бугарија врвот се нарекува Муџур.
Од почетокот на 1990-тите врвот е достапен за туристи од обете страни; претходно бил забранет како гранично место. Поради овие ограничувања, природата е доста зачувана. Од бугарска страна, до врвот се стасува преку селата Чупрене и Горни Лом во областа Видин.
Чупрене Од Чупрене постојат два правца за искачување. Еден е земјен пат долж Чупренска Река до планинарскиот дом „Горски рај“ (1.450 м), долга 17 км, а другиот е планинарска патека долга 9 км која ја следи Манастирска Река.
Од планинарскиот дом води обележана патека која минува низ биосферен резерват и води до главниот врв на седло меѓу врвовите Репљанска Црква (1.969 м) и Остра Чука (1.967 м). На југоисток низ врвовите Остра Чука и Оба (2.033 м) патеката доаѓа до седло од кое истекуваат реките Лом и Трговишки Тимок на граничниот камен 336. Одовде врвот се искачува по северозападната падина.
Горни Лом На 7 км од селото Горни Лом се наоѓа планинарскиот дом „Горни Лом“ (840 м). Има и друг дом спротиводно, наречен „Миџур“. Оттаму има стрмни патеки кои водат до седлото помеѓу Оба и Миџор кај граничниот камен 336 од каде излегуваат патеките за двете села.
Стопанство Изворот на реката Лом се наоѓа во подножјето на врвот. Тука има каскади на неколку мали хидроцентрали. Биосферниот резерват „Чупрене“, заштитен од УНЕСКО, е расположен западно од врвот. Ова е едно од последните места во Бугарија кајшто се гнезди тетребот.
Бо Србија Во Србија врвот се нарекува Миџор.
Крајниот врв на западната планина е северно од селото Топли Дол, сместен во средиштето на српскиот дел на Стара Планина, помеѓу Три Чуке (1.936 м) на југоисточната страна и Бабин Зуб (1.758 м) на југозападната. Масивот на Миџор е значителен. Неговите западни, источни и јужни падини се тревнати и не се многу стрмни; северната е карпеста и многу стрмна. Оваа страна се смета за најпривлечна и ужива популарност меѓу искачувачите на карпи.
На една од падините е сместен хотелот „Бабин зуб“. Пристапот до српскиот дел на Стара Планина е слободен, без наплати и дозволи.Midžor
Галерија
Поврзано Стара Планина
Белешки
Наводи
Надворешни врски
Миџор на SummitPost Миџор на Peakbagger
Категорија:Планини во Србија Категорија:Планини во Бугарија Категорија:Стара Планина Категорија:Бугарско-српска граница Категорија:Меѓународни планини во Европа Категорија:Видин (област) Категорија:Пиротски Управен Округ Категорија:Највисоки точки на земјите