Коста Шуваковиќ ( во , Хрватска) — оперски певец и бас.
Животопис
Шуваковиќ работел во Операта на Македонскиот народен театар од 1948 до 1974 година. Во овој период остварил повеќе од 30 помали и поголеми улоги, од кои позначајни се: Спарафучиле (Риголето), Големиот инквизитор (Дон Карлос), Дон Базилио (Севилскиот бербер), Осман (Грабнување од Сарајот), Оровез (Норма), Марко (Еро од оној свет), Кецал (Продадена невеста), Теодорик (Цар Самуил) и Гремин (Евгениј Онегин).
Наводи
Категорија:Македонски оперски пејачи