Предвремени парламентарни избори во 1979 година ― парламентарни избори кои биле одржани во Египет на 7 јуни 1979 година, а вториот круг за 147 места кој бил одржан на 14 јуни. По опитните избори во 1976 година, на кои три различни фракции на Арапскиот социјалистички сојуз се натпреварувале едни против други, земјата била вратена во повеќепартиската политика. Ова било потврдено на референдумот за создавање нови партии, одржан во април.Egypt Inter-Parliamentary Union
Биле избрани по двајца кандидати од секоја од 176-те изборни единици, при што бил потребен втор круг на гласање доколку еден или двајцата кандидати не успеат да освојат над 50% од гласовите во првиот круг, или ниту еден од кандидатите со над 50%, не бил класифициран како работник или земјоделец (секоја изборна единица морала да има барем еден земјоделец или работник што ја застапувал).Egypt Inter-Parliamentary Union Покрај тоа, 30 места биле резервирани за жени, а по изборите, претседателот назначил уште 10 членови.
На изборите учествувале околу 1.600 кандидати, од кои речиси 1.000 биле независни. Исходот бил победа за Националната демократска партија на претседателот Анвар Садат, која освоил 347 од 392 места.
Резултати
Наводи
Категорија:Настани во јуни 1979 година во Африка Категорија:Парламентарни избори во Египет Категорија:Статии за избори и референдуми со нецелосни резултати Категорија:Египет во 1979 година Категорија:Избори во 1979 година во Африка Категорија:Никулци за Египет