Ефтим Аксентиев (роден 17 август 1985 година) ― македонски тренер и поранешен фудбалер кој играл како играч од средниот ред и напаѓач.

Кариера Играчка кариера Во летото 2011 година, Аксентиев станал играч на прволигашот Брегалница 2008.

Во летото 2013 година, Аксетиев го напуштил Гостивар и повторно се преселил во прволигашот Брегалница 2008 што бил неговиот втор престој во штипскиот клуб. Таа сезона, Брегалница 2008 и Аксентиев стигнале до полуфиналето во Купот на Македонија. Следната сезона Аксентиев се преселил во второлигашот Еуромилк Горно Лисиче. Сезоната 2015/16 ја започнал во второлигашот Еуромилк Горно Лисиче, но во декември се преселил во третолигашот Академија Пандев. Таа сезона, Аксентиев станал првак во Третата Лига - Исток.

Во јануари 2017 година, за време на зимската пауза на сезоната 2016/17, Аксентиев станал играч на Осогово. Таа сезона, Осогово и Аксентиев завршиле на третото место во првенството и обезбедиле пласман во Втората лига - Исток. Но следната сезона, Аксентиев се преселил во Каменица Саса, екипа која исто така била туку што унапредена. За сезоната 2018/19, поточно во ноември 2018 година, Ефтим Аксентиев се вратил во третолигашот Осогово. Таа сезона, Аксентиев и Кочани ја освоиле Третата лига - Исток и обезбедиле пласман во Втората лига - Исток.

Тренерска кариера За сезоната 2020/21, Аксентиев бил помошник тренер на Осогово.

Сезоната 2022/23, Аксентиев бил главен тренер на Осогово.

Во јули 2023 година, Аксентиев дал неотповиклива оставка во Осогово.

Почести Работнички Првак во Првата македонска фудбалска лига (1): 2007/08 Првак во Купот на Македонија (1): 2008/09 Академија Пандев Првак во Третата македонска фудбалска лига (1): 2015/16 Осогово Првак во Третата македонска фудбалска лига - Исток (1): 2018/19

Наводи

Надворешни врски

Ефтим Аксентиев на Transfermarkt.com

Категорија:Фудбалери во Првата македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Брегалница (Штип) Категорија:Фудбалери на ФК Работнички (Скопје) Категорија:Фудбалери на ФК Силекс Категорија:Фудбалери на ФК Академија Пандев Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Фудбалери во Првата фудбалска лига на Албанија Категорија:Фудбалери во Втората македонска фудбалска лига Категорија:Фудбалери на ФК Саса Категорија:Фудбалери на ФК Осогово (Кочани) Категорија:Фудбалери на ФК Горно Лисиче Категорија:Фудбалери на ФК Гостивар Категорија:Фудбалери на ФК Поградец Категорија:Фудбалери на ФК Скендербег (Корча) Категорија:Тренери на ФК Осогово (Кочани) Категорија:Фудбалери од Кочани Категорија:Фудбалски тренери од Кочани