Ајкула (, буквално: Челусти) — американски трилер во режија на Стивен Спилберг, кој е адаптација на истоимениот роман од Питер Бенчли. Во приказната, гигантска човекојадска ајкула ги напаѓа туристите на островот Амити, измислен туристички град во Нова Англија, што го тера началникот на месната полиција да ја фати со помош на морски биолог и професионален ловец на ајкули. Во филмот играат: Рој Шајдер како началникот на полицијата Мартин Броди; Роберт Шо како ловецот на ајкули Квинт; Ричард Драјфус како морскиот биолог Мет Хупер; Мареј Хамилтон како Лери Вон, градоначалникот на островот Амити; и Лорејн Гери како Елен, сопругата на Броди. За сценариото на филмот се заслужни и Бенчли, кој ги напишал првите нацрти на сценариото, и глумецот и писател Карл Готлиб, кој го преработил сценариото за време на снимањето.

Содржина Кога човекојадска ајкула предизвикува неред во заедница на плажа на островот Амити, местен началник, морски биолог и стар морепловец се здружуваат за лов по ѕверот.

Улоги ГлумецУлогаРој ШајдерМартин БродиРоберт ШоКвинтРичард ДрајфусМет ХуперЛорејн ГериЕлен БродиМареј ХамилтонЛери Вон

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови за животни Категорија:Филмови од 1975 година