Мухарем Шахичи (р. во ) — македонски артист и поет со албанско потекло.
Животопис
Завршил Административна школа и Педагошки курс. Како учесник во НОБ, останал воен инвалид.
Бил секретар на СКОЈ, претседател на Здружението на борците на општината Кисела Вода во Скопје и артист на Албанско-турскиот народен театар во Скопје од 1970 година. Автор е и на две збирки поезија.
Улоги
Шахичи играл како: Крис во „Манде“, Русин во „Небески одред“, Надрија во „Коштана“, Панде во „Парите се отепувачка“, Рама во „Брачни партнери“ и Јоле во „Меќава“.
Наводи
Категорија:Македонски артисти Категорија:Македонски поети Категорија:Македонски Албанци