Бабадук () — австралиски филм на ужасите од 2014 г. во режија и сценарио на Џенифер Кент. Главната улога ја имала Еси Дејвис. Филмот е произведен од Causeway Films и е заснован на краткиот филм Чудовиште (англ. Monster) од 2005 г., исто така напишан и режиран од Џенифер Кент. Филмот бил претставен на кинофестивалот Санденс и добил потврдни одзиви од кинокритичарите.

Содржина Вдовицата Амелија Ванек поминува низ тешки времиња со нејзиниот син Семјуел. Нејзиниот сопруг Оскар загинал во сообраќајка додека ја возел до болницата. Семјуел почнува да се однесува чудно, страда од несоница и е обземен од измислени чудовишта, поради што прави разни оружја. За да го смири една вечер, Амелија решава да му прочита приказна пред спиење. Тоа е скокачка сликовница за Г. Бабадук. Меѓутоа, тогаш работите почнуваат да се усложнуваат...

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Филмови Категорија:Филмови од 2014 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Ужаси Категорија:Американски хорор-филмови