Емилија Тодорова — македонска и австралиска поетеса, писателка и преведувачка. Животопис Емилија Тодорова, родена во Скопје, од 1989 г. живее во Сиднеј, Австралија, каде што работела на извршни и сениорски лидерски позиции во федералниот јавен сектор со одговорности кои, меѓу другото, опфаќале: стратешко деловно планирање и управување со промени; управување со човечки, финансиски и физички ресурси; обука на лидери и кадровски развој; развој на организациската култура; раководење со односите со релевантните чинители во јавниот, невладиниот и приватниот сектор; услуги и ангажирање на заедниците на Првите народи (домородното население) и на мултикултурните заедници; подобрување на услугите и искуството на клиентите, министерска и омбудсманска кореспонденција и управување со вонредни состојби.

Паралелно со нејзината примарна професија во јавниот сектор, неколку години била ангажирана и на Катедрата за современи јазици (македонски јазик) на Универзитетот Маквори и како двојазичен консултант.

Презентирала на повеќе национални и меѓународни конференции, меѓу кои и Меѓународната конференција за ангажман на заедницата, под покровителство на Обединетите нации (Бризбејн 2006); Националната конференција за бездомништво (Сиднеј 2006); Националната конференција за социјално претприемништво (Мелбурн 2005), ХII Светски фестивал на младината и студентите (Москва 1985); I Фестивал на младината на Медитеранот (Валенсија 1982) итн.

Работела и на програмата на македонски јазик на радиостаница 2ЕА во Сиднеј, (сега SBS Australia).

Активно твори на македонски и англиски јазик. Преведува од англиски, српски и бугарски јазик. За исклучителни достигнувања во својата кариера добитник е на повеќе австралиски признанија.

Творештво Со новинарско и креативно пишување се занимавала уште пред заминувањето од Македонија. Соработувала со „Студентски збор“ и Третата програма на Радио Скопје. Била и еден од основачите, заедно со Ѓоре Ценев, на младинското списание за популарна наука „Активус“, каде работела како заменик-уредник.

Емилија Тодорова учествувала на поголем број поетски манифестации во Македонија и поранешна Југославија, меѓу кои и „Млада Струга“, „Мајски поетски средби“, „Горданино пролеќе“, „Бранково коло“ итн. Објавувала песни во весници и периодика („Омладинске новине", „Повод", „Стремеж", „Балкански книжевен гласник", „Везилка“, „Современи дијалози”, „Litterateur RW”, “Poetry Planetariat” итн.), а застапена е и во неколку македонски и меѓународни поетски избори и антологии.

Поезија:

Авторка е на поетската збирка „Гравитација“ – (Агенција за иселеништво, Скопје 2022, ISBN 978-608-4722-25-0)

Застапена е и во следниве поетски книги:

„Хаику зборник – Лудбрег 2025”, ЦКИ Лудбрег (2025) „Хаику миг”, ИНАКУ, Скопје (2024) Алманах, „Фрида – жените зборуваат”, Книжевни вертикали, Белград (2023) Меѓународна поетска антологија, „Женски врисок”, (2023) Антологија, „Скопски вознеси", Феникс, Скопје (2023) Современи светски поети, том 2, Poetry and Literature World Vision (2023) „Современи кратки книжевни форми", ИНАКУ,  Скопје (2021) Избор, „Песни за Скопје", Феникс, Скопје (2021) Зборник, „Coбирање: Песни од ХХI Светски поетски конгрес“, Сиднеј (2003) Зборник со љубовна поезија, „Коти на копнежи и страст", Сиднеј (2003) Зборник поезија, „Поетски иселенички меридијани", Скопје (1996) Антологија, „Македонска поезија во Австралија", Сиднеј (1996)

Позначајни награди и признанија Емилија Тодорова е повеќепати наградувана за поезија и кратки книжевни форми во поранешна Југославија, Македонија, Австралија, САД и Италија.

Добитник е на следниве награди:

Почесна награда на меѓународниот поетски конкурс „Амилкаре Солферини” (Италија, 2024) Награда „Стојан Христов“ (2022), при Струшките вечери на поезијата – за збирката поезија „Гравитација" Откупна награда на конкурсот за краток расказ на весникот „Нова Македонија“ – за расказот „Големиот чекор“, (2022) Прва награда на Меѓународен аматерски поетски конкурс (Мериленд, САД, 2006) Избрана во десетте најдобри млади поети на Југославија – „Горданино пролеќе“ (1985) „Мајски поетски средби” (1984, 1985) – две први и една трета награда „Бранково коло“ (1985) – откупна награда за циклус песни

За својот општествен придонес добитник е и на неколку значајни австралиски признанија, од кои се издвојуваат:

Орден за општествени заслуги (2006) – доделен од Гувернерот на Австралија Златен медал на Федерацијата на Советите на етничките заедници на Австралија (FECCA) – за унапредување на мултикултурните односи (2005) Награда за Денот на Австралија (2004) –  за извонреден придонес во градењето меѓусекторски партнерства Прва награда на национален конкурс на Оптус (Optus) во Австралија за креативен маркетинг (2020)

Наводи

Надворешни врски Поетска вечер со Емилија Тодорова Емилија Тодорова од Сиднеј - Добитник на наградата "Стојан Христов" за 2022 (2025 г.) Во потрага по вистинскиот ЗБОР со Емилија Тодорова Сеќавање на македонската радиостаницата 2ЕА во1992 Емилија Тодорова – интервју Книгата „Гравитација“ на Емилија Тодорова ја доби наградата „Стојан Христов“ (2024 г.) Во потрага по вистинскиот ЗБОР со Емилија Тодорова

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски писателки Категорија:Македонски поетеси Категорија:Македонски преведувачи Категорија:Македонски новинари Категорија:Македонски уредници Категорија:Апсолвенти на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Категорија:Македонци во Австралија