мини|Панорамски поглед на катедралата во Севиља Светата, митрополитска и патријаршиска катедрала Света Марија на Престолот и Успението Севилски, е попозната како катедралата во Севиља. Оваа катедрала претставува католички храм изграден во готски стил. Организацијата на УНЕСКО во 1987 година, храмот заедно со објектите на Кралскиот Алказар и Генералниот архив, ги прогласи за место на Светско наследство, а на 25 јули 2010 година како имот со исклучителна универзална вредност. Во 1988 година во Гинисовата книга на рекорди потврдено е дека е катедрала со најголема површина во светот.
Според традицијата и преданијата, изградбата на катедралата започнала во 1401 година. За овие тврдења нема класичен документарен доказ. Градителските работи отпочнале во 1433 година. Објектот на катедралата бил сместен на местото во градот Севиља кое се ослободило по уривањето на старата џамија наречена Алјама, чие минаре (наречено Жиралда) и дворното место (именувано како (Дворот на портокалите) сè уште биле зачувани во оригинална форма.
Еден од првите мајстори кој започнал да работи на катедралата бил познатиот мајстор Карлин (Карлес Галтер), кој доаѓал од регионот Нормандија (Франција). Овој изведувач претходно работел на други големи европски готски катедрали. Тој пристигнал во Шпанија, во периодот кога државата излегла од таканаречената Стогодишна војна. На 10 октомври 1506 година, со поставувањето на последниот камен во делот на највисокиот дел од куполата, симболично била комплетирана градбата на катедралата, иако во реалноста работата околу доуредувањето и надградувањето продолжила непречено да се изведува низ вековите. Дополнителните зафати се изведувале во делот на внатрешната декорација, како што било додавањето на новите простории или консолидирањето и обновата на штетите предизвикани во текот на времето. Имало и интервенции на објектот на одредени делови кои биле оштетени во таканаречени вонредните околности, меѓу кои треба посебно да се истакне големиот земјотрес во Лисабон во 1755 година, кој сепак предизвикал само мало оштетување и покрај неговиот голем интензитет. Во сите тие градителски и реставраторски активности учествувале архитектите Диего де Риањо, Мартин де Гаинза и Асенсио де Маеда. Исто така во оваа фаза на активности архитектот Ернан Руиз го изградил последниот дел од кулата наречена Жиралда. Катедралата и нејзините простории биле завршени во 1593 година.
Придружниците на Митрополитот ја одржуваат секојдневната литургија и празнувањето на прославите во чест на Корпус Кристи, Пречистото зачнување и Богородица на владетелите. Празникот на Богородица на владетелите е на 15 август и се совпаѓа со празникот наречен Успение.
Во храмот се сместени посмртните останки на Кристофер Колумбо и неколку кралеви на Кастиља како: Педро I Суровиот (Лошиот), Фернандо III Светиот и неговиот син Алфонсо X Мудриот.
Меѓу последните значајни реконструкторски активности биле извршени во 2008 година и се состоеле од замена на вкупно 576 делови таканаречени пепелници кои го сочинувале еден од грандиозните столбови кој го потпираат храмот, со нови камени блокови со слични карактеристики, но со многу поголема отпорност. Оваа тешка и макотрпна работа била возможна благодарение на употребата на иновативни технолошки системи кои покажале дека објектот на катедралата бил оптоварен со дневни осцилации од дури 2 cm како последица на растегнувањето на неговите вградени материјали. Во 2017 година катедралата била посетена од 1 934 373 посетители, што ја прави петта најпосетувана туристичка атракција- споменик во Шпанија.
Историја на катедралата мини|450x450пкс| План на катедралата во Севиља мини|Ѕвездениот свод, пред главната капела мини|Фотографија на катедралата од 1927 година
Алмохад период (1172-1248) За време на муслиманската администрација, алмохадскиот калифот Абу Јакуб Јусуф наредил изградба на голема џамија во градот Севиља на земјиштето кое во тој период било зафатено со објектот на катедралата. Изградбата и работните активности траеле помеѓу месец април 1172 и месец март 1198 година. Објектот на џамијата бил пуштен во употреба на 30 април 1182 година.
Главните активности на работите му биле доверени на познатиот архитект со андалусиско потекло Ахмад Бен Басо, истиот архитект кој ги изградил палатите на Бухајра во градот Севиља. Објектот на џамијата имал правоаголна форма со димензии 113 x 135 метри и со површина повеќе од 15 000 метри квадратни. Тој објект бил составен од 17 кораби кои биле украсени со сводови од потковица и голем двор, наречен сахот кој сè уште е зачуван, но овојпат под името Дворот на портокалите. Моменталната врата која води кон делот за исповед дозволувал пристап и до заградениот простор.
Период на Мудејар (1248-1401) Во периодот по освојувањето на градот Севиља од страна на христијаните на 23 ноември 1248 година, главната џамија била осветена со посветата на Санта Марија (Света Марија) де ла Асунсион. Катедралата официјално била наречена како катедрала Санта Марија де ла Седе, која била посветена на статуата Седнатата Богородица од XIII век која се наоѓа во овој храм. Овој објект се претворил во катедрала на надбискупијата која претрпела мали промени, како што биле промени во Кралската капела каде што биле погребани различни монарси и роднини на истите тие владетели, вклучувајќи ги Алфонсо X, Фердинанд III и Беатрис од Суабија.
Христијаните муслиманската зграда ја користеле во период повеќе од 150 години. Започнувајќи од 1401 година била планирана изградба на нов храм кој ќе има целосно христијанска форма, па со изговор дека џамијата е во руинирана, односно лоша состојба, истата била урната.
Готски период (1401-1528) мини|Историски поглед на западната фасада на катедралата од 1738 година. Гравура изработена од страна на Педро Тортолеро. мини|Во 1888 година се случило уривање на еден од сводовите предизвикан од рушењето на еден од столбовите. Раководството на катедралата одлучило на 8 јули 1401 година да изгради нов храм, бидејќи старата џамија Алмохад била слабо зачувана по земјотресот што се случил во 1356 година, кој сериозно ја оштетил истата. Според севилското усно предание, одлуката на каноните би била: „Да направиме црква, толку убава и толку грандиозна што оние што ќе ја видат ќе не сметаат за луди“ и според поглавјето, односно според записник од истиот тој ден новото дело требало да биде „такво и толку добро што нема друго како него."
Работите околу изградбaта започнале некаде во 1434 година, а продолжиле во истата фаза сè до 1506 година. Се мисли дека оригиналниот проект на делото се должи на архитектот-учителот Алонсо Мартинес. Подоцна, господинот Исамбарте бил главен мајстор на градежните работи, а во 1439 година Французинот Карлин (Карлес Гаутер де Руан) ја презел целовкупната активност за плата од околу илјада мараведи годишно. Се верува дека тој бил задолжен за сите активности до крајот на неговиот живот во 1448 година. Негов наследник бил каменорезецот Хуан Нормант, кој работел помеѓу1498 и 1512 година. Во тој период Алонсо Родригес ја имал функцијата на постар учител. Сите постари мајстори и геодети кои раководеле со изградбата формирале таканаречен синџир на активност во кој секој нареден изведувач соработувал неколку години со претходниот мајстор пред да може да ја преземе раководната позиција. Големите изведувачи на потфатот Исамбарте и Карлин се познавале од претходно и пред да бидат активирани во изградбата. мини|Изглед на внатрешните кораби На 6 октомври 1506 година се одржала официјалната церемонија за да се прослави завршувањето на градителските работи, во која „последниот камен“ бил поставен на највисокиот дел од делот на куполата. Архиепископот Диего де Деза бил поканет да учествува на настанот, иако се извинил бидејќи е премногу стар за да може се качи и да сведочи како гледач од врвовите на капелата на Богородица де ла Антигва. Прославите поврзани со изградбата на катедралата не можеле да се одржат, бидејќи кралот на Шпанија Филип I од Кастиља (Филип Привлечниот) починал само две седмици претходно. Следната 1507 година, се случило осветувањето на храмот, иако некои работи останале да се дозавршат подоцна. Конечниот изглед на катедралата бил грандиозен готски храм со огромни димензии и строги дизајнерски елементи.
Четири години подоцна, на 28 декември 1511 година, еден од најголемите столбови попуштил при што дошло до уривање на делот од куполата кој го покривал просторот на трансептот. До овој немил настан дошло бидејќи било очигледното прекумерно оптоварување од тежината на конструкцијата. Главниот изведувач Алонсо Родригес бил отпуштен. По внимателното проучување на можните решенија, архитектот Хуан Гил де Хонтањон, следејќи ја претходната стилска рамка, успеал да дизајнира нова купола која била завршена во 1519 година. Оваа пак купола била урнала 370 години подоцна, и на 1 август 1888 година била обновена од страна на архитектот Хоакин Фернандес. Новата купола била со истиот облик, како што изледа и денес.
Период на Ренесансата (1528-1593) мини|Изглед на Куполата на делот главната сакристија Ренесансниот период за катедралата започнал некаде во 1528 година, во кој биле изградени низа на преградни простории прикачени на готскиот храм, како што се Главната сакристија, Куќата на поглавјето и Кралската капела, како и оние создадени со доградба: Сакристијата на Путирите и алабастерските или таканаречените гипсени капели. Во сите овие активности учествувале архитектите Диего де Риањо, Мартин де Гаинза и Асенсио де Маеда. Исто така во оваа фаза архитектот Ернан Руиз го изградил последниот дел од кулата наречена Жиралда. Катедралата и нејзините простории биле завршени некаде во 1593 година.
Барокен период на катедралата (1618-1758) Во овој период (1618-1663) била изградена црквата Саграрио (1618-1663) од страна на Мигел де Зумарага. Таа е всушност црква независна од катедралата, иако е прилепена на неа и соодејствува со истата. Ова здание кое било создадено во идентичен стил било придружено со низа мали доградби особено на делот од западниот фронт.
Академски период, неокласицизам (1758-1823) Педро Делгадо изработил решетка во текот на XVI век за параклисите на Марискал, Луис де Медина ја изработил решетката за просториите наречени Скалас и Естрела. Решетката од втората изведба била искористена како модел некаде во XVII век за да се изработат решетките на преостанатите капели оформени од материјалот наречен алабастер.Rejeros españoles. Autor: Emilio Orduña Viguera.Las rejas de la Capilla de Scalas de la Catedral de Sevilla. Laboratorio de Arte,25 vol.1-2013
Нео-готски период (1825-1928) Овој период опфаќа од 1825 до 1928 година. За време на овој период биле завршени одредени делови од објектот кои претходно биле оставени недовршени. Обидите биле елементите во секое време да останат колку е можно поблиску до оригиналниот готски дизајн. Продолжувајќи го проектот на архитектот Деметрио де лос Риос од 1866 година, а се однесувал на вратите на просториите на Ла Консепсион и на Сан Кристобал или пак дел просторот наречен Принципе, биле завршени од страна на архитектот и дизајнер Адолфо Фернандес Казанова. Овие активности биле завршени помеѓу 1895 и 1917 година. Во тој период биле извршени и разни реставраторски работи од помал или од поголем опфат. Оваа етапа ја започнал Фернандо де Росалес, а ја завршил Хавиер де Луке.
Катедралата во периодот на XXI век Во 2008 година, истражувачот од Универзитетот во Кантабрија Бегоња Алонсо Руиз го пронашол најстариот познат план на катедралата во Севиља во просториите на манастирот Бидаурета во местото Онате (Гипускоа), кој бил направен околу 1490 година. Овој план, откако бил детално проучен, дал важни податоци за изградбата на катедралата.