Виолета Ѓуровска – македонска писателка и новинарка.

Животопис Виолета Ѓуровска била родена 1975 година во Скопје. Основно и средно образование завршила во Скопје. Дипломирала на Катедрата за македонска и јужнословенска книжевност и македонски јазик при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, УКИМ во Скопје. За време на студиите, таа објавувала детективски раскази во списанието „Илустриран забавник“. Од 2000-2003 година, таа работела како новинар во списанието за деца „Наш свет“ (литературно списание за деца на возраст од 10-14 год.), во Издавачка куќа „Детска радост“ при НИП „Нова Македонија“. 2003 година, таа била унапредена во уредник на списанието за деца и млади (најмладиот уредник во НИП Нова Македонија) „Наш свет“ во Издавачката куќа „Детска радост“.

Во текот на дваесет години, таа била член на повеќе комисии на книжевни конкурси за деца. Таа била член на основачкиот одбор на книжевната манифестација „Пролет на сребрените соништа“ од Радовиш и книжевната манифестација „Детски лирски треперења“ од Охрид. Во текот на повеќе години, таа хонорарно работела како организатор на многу творечки работилници во соработка со општински и училишни библиотеки. Работела како творец на повеќе јавни трибини од областа на книжевноста за деца во библиотеки, училишта и културни центри во Македонија.

Творештво Во период од речиси дваесет година објавува повеќе од стотина раскази за деца во списанијата:

„Другарче“ (книжевно списание за деца на возраст од 6-8 год.), „Развигор“ (книжевно списание за деца на возраст од 8-10 год.) и „Росица“ (книжевно списание за деца од 3-6 год.).

Во 2003 година, таа била основач и главен уредник на Издавачка куќа „Смешко“. Во истата година е автор на едицијата сликовници за деца од најмала возраст „Прв чекор“, преведени на албански и англиски јазик:

„Морски свет“ „Домашни животни“ „Птици“ „Овошја“ „Зеленчуци“ „Шумски животни“

Истата година, таа ги публикувала и „Убави приказни“, едиција од 6 приспособени приказни од народното творештво:

„Силјан Штркот“ „Самовила-невеста“ „Кучето и човекот“ „Девојчето и дванаесетте месеци“ „Цане и ламјата“ „Слепиот цар и син му“

Во 2004-2005 година, таа работела како новинар во Издавачата куќа „Просветно дело“. 2004 година, таа била автор на едицијата „Виножито“ од 6 сликовници:

„Виолетова приказна“ „ Црвена приказна“ „ Портокалова приказна“ „Сина приказна“ „ Зелена приказна“ „Жолта приказна“

Сликовниците се преведени на англиски, албански, бугарски и српски јазик. Освен на македонскиот пазар, истите се извезени и во Албанија, Бугарија, Србија, Босна и Косово.

„Сонови и од нив приказни“, книга со раскази за деца на возраст од 11-13 год (Македонска реч, 2018) „Малку страшна приказна‘‘, (Просветно дело, 2020)

Наводи

Надворешни врски

Средба со Виолета Ѓуровска и промоција на книгата „Сонови и од нив приказни“ Литературна работилница за деца “Донеси книга – земи си книга” Трибина за литературата за деца и млади Во Охрид ќе се одржи поетска манифестација

Категорија:Луѓе од Скопје Категорија:Македонски раскажувачи Категорија:Македонски писатели за деца Категорија:Македонски уредници Категорија:Македонски новинари Категорија:Апсолвенти на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ - Скопје