1844 Карлос Антонио Лопес е прогласен за прв уставен претседател на Парагвај. 1891 Подморницата „Монарх“ постави телефонски кабел под Ламанш, што овозможи телефонска врска меѓу Велика Британија и другите држави од Европа. 1944 Иницијативниот одбор на АСНОМ упати писмо до НО одбори во Македонија во кое ја изнесува одлуката на Второто заседание на АВНОЈ, со која Македонија е призната за рамноправна федерална единица. Потоа, ја објаснува постапката за избирање легални и нелегални, општински, околиски и окружни НО одбори и делегати за Првото заседание на АСНОМ. 1945 По многу тешки борби американските десантни единици го освоија малиот остров на Тихиот Океан, Иво Џима, важна стратегиска точка за бомбардерските напади врз Јапонија. 1965 Владата на Израел го прифати барањето на Бон за воспоставување дипломатски односи со Западна Германија. 1995 Астронаутот Норман Тагард стана првиот Американец кој полета во вселената со руска ракета, лансирана од космодромот во Бајконур. 1996 Република Македонија и Република Литванија воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори. 2001 Околу 11 часот со престрелки од тетовското кале започна конфликтот во Тетово. 2002 Судиите на Основниот суд Скопје 2 ги потпишаа решенијата за амнестија на политичкиот водач на поранешната ОНА, Али Ахмети и на неговиот вујко, водачот на кичевските бомбаши и организаторот на повеќето бомбашки напади на полициските станици во Македонија, Фазли Велиу. 2013 Си Ѓинпинг станува Претседател на НР Кина.
14 март