десно|мини|321x321пкс|Акт на востаниците, со кој се распределуваат должностите на општата команда, востаниците и војводите, потпишан од „главните команданти на 2. одделение. Л. Војткевич“ Лудвик Војткевич (на полски: ) е руски офицер (мајор), полјак по потеклоИнформация за Войткевич на сайта polacywmacedonii.net. Посетен на 27 април 2015 г.. Војткевич бил авантурист и учествувал во голем број востанија и буни во Руската и Отоманската Империја, вклучувајќи го и Кресненското востание.Svoboda ili smŭrt: biografia na Gotse Delchev, Mercia MacDermott, Nauka i izkustvo, 1979, str. 49.

Биографија Се претпоставува дека Војткевич е роден помеѓу 1825 и 1836 година.Клейн, Збигнев. Полски следи в изграждането на нова България 1877 – 1914, София, б.г., издателство „Парадигма“, ISBN 954-9536-92-0, с. 76. Учествувал во Јануарското востание (1863–1864), организирано во Полското кралство против Руската империја, а по неговото задушување емигрирал во Франција. Подоцна се претставувал и како француски офицер на Генералштабот.

Во 1870 година заминал за Отоманската Империја и се преселил во македонскиот град Велес.Czyżewska, Małgorzata, Magdalena Turkowska, Polacy w Imperium Osmańskim – Информация за Войткевич на сайта etnograficzna.pl. Посетен на 27 април 2015 г. Таму почнал да предава француски јазик во локалното училиште и се оженил со ќерката на истакнатиот јавен деец Димитар Карамфилович. Учествувал во Херцеговското востание(1875 год), како и во Османлиско-српската војна. Учесник е и во Руско-турската војна (1877-1878), како командант на четата во Македонија (септември 1877)Клейн, Збигнев. Полски следи в изграждането на нова България 1877 – 1914, София, б.г., издателство „Парадигма“, ISBN 954-9536-92-0, с. 77.. По војната, софискиот комитет „Единство“ го назначил за војвода на доброволна чета со која Војткиевич на 2 октомври 1878 година се обидел да ја помине границата кај Ќустендил, но не успеал.Дойнов, Дойно. Кресненско-Разложкото въстание, 1878 – 1879, София, 1979, стр. 35 – 36.

Кон средината на октомври, бил назначен за еден од водачите на Кресненското востание, како војвода на чета од околу 250 луѓе, главно добровоци со кои престојувал во Брезница. Поради својата борбеност, бил назначен за војвода на една од востаничките чети, но влегол во конфликт и борба за превласт со Адам Калмиков. По несогласувањата со македонските водачи бил сменет и пензиониран во Кнежеството БугаријаДойнов, Дойно. Кресненско-Разложкото въстание, 1878 – 1879, София, 1979, стр. 46 – 47.. Постои мислење дека неговото отстранување е резултат на интриги на австроунгарските агенти меѓу водачите на востаниетоКлейн, Збигнев. Полски следи в изграждането на нова България 1877 – 1914, София, б.г., издателство „Парадигма“, ISBN 954-9536-92-0, с. 80 – 81..

Откако во почетокот на ноември Братан (Бањо) Маринов, кој бил еден од предвониците на востанието во Банско е тешко ранет, комитетот „Единство“ на неговото местото го избрало Војткевич за член на воениот совет. Како резултат на тоа, на 12 ноември Војткевич се населил во Банско, а Иван Грнчаров напишал по тој повод: Војткевич направил обид за создавање на локална администрација и граѓанско управување. Но склон кон авантуристички акции, повторно влегол во судир, овој пат со Стојан Карастоилов, кој сметал дека пред да го прошират опсегот на востанието, востаниците мора да се зајакнат во заземените населби. Според Дојно Дојнов во екот на востанието, Војткевич го напуштил Банско, оставајќи го градот на својата судбина. Но според други пак, токму Адам Калмико, а не Воиткевич, го напуштил бојното поле кај Банско со група од 200 луѓеКлейн, Збигнев. Полски следи в изграждането на нова България 1877 – 1914, София, б.г., издателство „Парадигма“, ISBN 954-9536-92-0, с. 82.. Подоцна тие заедно го организирале убиството на Стојан Карастоилов и неговите четници Георги Чолаков и Иван Трендафилов

Васил К‘нчов напишал за Војткевич:По задушувањето на востанието, емигрирал во Романија, каде, според некои извори, подоцна умрел. Други извори укажуваат дека по неговото заминување во Романија не се знае неговата судбина, а постојат и претпоставки дека се преселил во Кнежеството БугаријаКлейн, Збигнев. Полски следи в изграждането на нова България 1877 – 1914, София, б.г., издателство „Парадигма“, ISBN 954-9536-92-0, с. 83.

Наводи

Категорија:Починати во 1879 година Категорија:Родени во 1830 година Категорија:Учесници во Македонското востание