Виктор Пелевин (р. 1962) — руски писател.

Животопис

Творештво Пелевин е еден од најзначајните и најзагадочните писатели на постмодерна фикција на денешнината, иако тој одбива да се идентификува со постмодернизмот. Неговото творештво е клучна референтна точка во постсоветската книжевност. Неговите дела претставуваат повеќеслојни текстови кои обединуваат елементи од популарната култура и езотеричните филозофии, одразувајќи ги притоа и конвенциите на жанровите на научната фантастика и на сатирата. Неговата поетика често се поврзува со Михаил Бугаков, Николај Гогољ и Франц Кафка, но очигледна е неговата оригиналност како мајстор на надреалното. Тој ја разобличува реалноста до апсурдност, со цел да ја прикаже онаква каква што е таа.Виктор Пелевин, Синиот фенер. Скопје: Бегемот, 2018.

Најважни дела на Пелевин се: Синиот фенер (раскази, 1991) Жолтата стрела Омон Ра (роман) Животот на инсектите Чапаев и празнина Генерација П Бетмен Аполо S.N.U.F.F. Набљудувачот

Наводи

Категорија:Руски писатели Категорија:Родени во 1962 година