Џѐбел () — град во Југоисточна Бугарија, административен центар на општината Џебел во Крџалиската Област. Има население од 3.647 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот е сместен во источните Родопи. Се наоѓа на 20 километри јужно од регионалниот центар на Крџали и на и 40 километри од граничниот премин Маказа на границата со Грција.

Историја Името Џебел (тур. Cebel) има арапски корен ( جبل , jabal) и буквално значи „планина“.

Во античко време, областа на денешниот град била населена со тракиски племиња. Подоцна билa освоенa од Римјаните и билa дел од Византиската Империја. Во 9 век, регионот на денешниот град бил вклучен во границите на Првото бугарско Царство. Во 1460-тите, областа била освоена од Османлиите. За време на Отоманската Империја населбата се викала Шехџумаја.

По Балканските војни, селото Шехџумаја било припоено кон Бугарија. Во 1934 година било преименувано во Џебел. Во 1940 година, кон селото Џебел биле додадени селата Главатарци и Едноверци. Во 1969 година кон него биле додадени селата Готварско и Дихановци, а селото Џебел било прогласено за град.

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на општината Џебел

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Крџали