Априлци () — град во северна Бугарија, административен центар на општината Априлци во Ловечката Oбласт. Има население од околу 2.598 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Градот се наоѓа во планински регион, во пространа котлина во подножјето на највисокиот врв на Стара Планина - Ботев, недалеку од врвот Марагидик. Од регионалниот центар Ловеч е оддалечен на 56 км.

Историја Априлци е нов град, создаден со спојување на 4 големи села, кои во моментов се негови населби: Ново Село, Зла Река, Видима и Острец. Спојувањето се случило во 1976 година. Името Априлци беше избрано во чест на херојското учество на населиението во Априлското востание.

Економија Главните економски сектори што ја одредуваат егзистенцијата на Априлци се туризмот, сточарството, сечата и преработката на дрво.

Наводи

Надворешни врски Официјална веб-страница на општината Априлци

Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Ловеч