мини|281x281пкс|Историска воденица во Западна Вирџинија, САД Мелница — вид механизам, уред што ги крши цврстите материјали на помали делови или парчиња со мелење, дробење или сечење.Thomas, A; Filippov, L.O. (1999). Fractures, fractals and breakage energy of mineral particles. International Journal of Mineral Processing. 57 (4): 285. Таквото дејство е важна операција во многу процеси. Постојат многу различни видови мелници и многу видови материјали што се обработуваат во нив. Мелењето на цврстите материјали се случува преку механички сили што ја разградуваат структурата со надминување на внатрешните сили на врзување. По мелењето, цврстата состојба се менува во големина и облик.

Другото значење на „мелница“ е и „воденица“ (водна мелница), и посебна градба со машини за мелење брашно.

Историја Во минатото, мелниците најмногу се користеле за мелење зрна и правење брашно. Претходници на мелницата се аванот и толчникот, а исто така и камената рачна мелница за зрно. Традиционално, тие најпрво биле водени од човечка и/или животинска влечна сила, а подоцна од силата на ветерот (ветерница) или водата (воденица). Денес, за движење на мелниците се користат други извори на енергија, најчесто електромотори, а најчести мелници во домаќинството се кафемелницата и блендерот.

Наводи

Надворешни врски

Video of fine grinder in mining application Flour Mill Details

Grinding Media

Категорија:Мелници Категорија:Механизми __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__