мини|Светилничар во Маркен (Холандија), 1985 г. Светилничар — лице што обезбедува исправност и работење на светилник. Со векови, главната одговорност на светилничарот била да ја одржува светлината на светилникот деноноќно. По широко распространетата автоматизација на светилниците во XX век, занимањето станало помалку барано, но продолжува да постои и да биде популарно. Благодарение на одреден љубовен ореол на занимањето, неговите претставници често стануваат ликови во уметнички дела.

Квалификација и должности Пред автоматизацијата на повеќето светилници во XX век, основната задача на светилничарите била да обезбедат деноноќно работење и техничка исправност на целата светилничка опрема.

Подробни работни упатства за светилничарите биле развиени уште во XIX век: во Англија, тие се појавиле кон крајот на 50-тите години на деветнаесеттиот век. Во Русија, соодветно упатство било издадено во 1869 г., обврзувајќи го светилничарот „да ги пали ламбите секоја вечер при заоѓање на сонцето, и да внимава постојано да горат, чисто и светло, до изгрејсонце“.

Покрај тоа, тој требало да ги одржува во работна состојба и примерен ред сите уреди, механизми и целиот светилнички имот. Светилничарот имал право да ангажира мал број помошници, при што меѓу нив можело да има и жени. Светилничарите што работеле на оддалечени светилници морале да поседуваат основни познавања од медицината и вештини за укажување прва помош, како и различни занаети, бидејќи во случај на потреба, не секогаш можело да се смета на помош однадвор.

Во XXI век, од светилничарот се бара да ја знае намената и конструкцијата на сите видови светилничка апаратура и уреди, да има основни познавања од електротехниката и оптиката, да биде известен за условите за навигација во одредена околина и да го познава системот на визуелни и звучни сигнали.

Неговите должности вклучуваат обезбедување на горењето на светилничките светла, надзор над сите системи и уреди, како и раководење со вработените на светилникот. Како по правило, занимањето бара добра физичка подготовка, високо ниво на одговорност и способност за поднесување на долга самотија.

Наводи

Надворешни врски

Association of Lighthouse Keepers Bibliography on lighthouse keepers Ode to the lighthouse keeper by Andrew Tremaine.

Категорија:Поморски занимања Категорија:Занимања __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__