десно|мини| Биг Фут Мама во 2009 година. Биг Фут Мама (изворно: Big Foot Mama) ― рок бенд од Љубљана, Словенија. Тој е еден од најпопуларните словенечки поп рок бендови од 1990-тите.

Групата ја започнала својата кариера во 1990 година. По нивниот трет албум, Tretja dimenzija (Трета димензија), тие биле сметани за словенечкиот поп рок бенд на деценијата, соборувајќи ги рекордите на продажба во категоријата рок и продавајќи некои од најголемите сали во словенечката престолнина Љубљана, како Крижанке и Сала Тиволи, кои претходно биле сметани за продажно „неосвоиви“ за словенечките рок бендови.

Тековен состав

Грега Скочир - вокал Даниел Грегорич - гитарист Ален Стержај - бас Јоже Хабула - тапани Зоран Чалиќ - гитарист

Дискографија

Nova pravila (Нови правила) - 1995 година Kaj se dogaja? (Што се случува?) - 1997 година Tretja dimenzija (Трета димензија) - 1999 година Doba norih (Доба на лудите) - 2001 година Big Foot Mama [best of] - 2003 година 5ing (пет-инг; кованица) - 2004 година 15 let v živo z gosti (15 години - во живо со гости) - 2006 година Važn, da zadane (Важно, тоа што погодува) - 2007 година Izhod (Излез) - 2012 година

Надворешни врски

Службено мрежно место

Категорија:Словенечки рок групи Категорија:Музички групи основани во 1990 година Категорија:Музички групи од Љубљана Категорија:Никулци за европски музички групи Категорија:Никулци за Словенија