мини| Кандискиот мост. Кандиски мост () или Стар мост () ― железен мост во Ново Место, Словенија. Го поврзува старото градско јадро од левата страна на реката Крка со Кандија, историско предградие на Ново Место, од нејзината десна страна.The Kandija Bridge Мостот стои на долниот дел од главниот плоштад. Изграден е во 1898 година за да го замени стариот дрвен мост од 1600 година, кој се наоѓа на неколку десетици метри возводно. Отворањето било одржано на 23 ноември 1898 година. Закованата структура што ја премостува Крка со единечен лак од 75 м и е единствена ваква градба во Словенија. Од 1992 година е заштитен како споменик на културата. Реновиран е во 1977, 1996 и 2009 година.

Наводи

Надворешни врски

Кандискиот мост на novomesto.si

Категорија:Мостови завршени во 1898 година Категорија:Згради и градби во Ново Место Категорија:Патни мостови во Словенија Категорија:Лаковни мостови во Словенија