Институт за статистика () ― независно јавно правно лице задолжено да произведува службена статистика во Република Албанија.
ИНСТАТ е организиран на централно ниво, со регионални заводи за статистика на месно ниво кои работат во рамките на неговата организациска структура, која се одобрува со одлука на Собранието, согласно одредбите од важечката законска регулатива за независните установи.
Преглед Статистичката служба во Република Албанија ја врши Институтот за статистика. Во 1924 година, бил создаден завод за статистика кој водел различни економски записи во Министерството за јавни работи и земјоделство. Активноста на оваа канцеларија била ограничена на земјоделски инвентари кои го опфатиле бројот на земјоделци и видот и количината на користење на земјиштето со земјоделски и сточарски растенија, како и некои детални статистички податоци за индустријата, трговијата, извоз-увозот и цените. Статистичката служба на крајот била институционализирана со Уредба бр. 121, дт. 8/04/1940 година.
Статистичкиот систем што следел е воспоставен со Одлука бр. 35, датум 13.01.1945 година со создавањето на Дирекцијата за статистика, установа подредена на Советот на министри. Подоцна оваа дирекција преминала во надлежност на Државната комисија за планирање.
Денеска, согласно законот бр. 17, од 05.04.2018 година „За службена статистика“, овој систем се состои од голем број установи одговорни за производство на службена статистика и други установи, јавни или други, кои произведуваат статистика од различни области за следење или спроведување на нивните развојни политики. Националниот статистички систем своите активности ги врши во согласност со наведениот закон и повеќегодишната програма за статистика која е одобрена со посебна одлука на Собранието.
Поврзано
Демографија на Албанија Список на национални и меѓународни статистички служби Евростат
Наводи
Категорија:Државни статистички заводи Категорија:Независни владини агенции во Албанија Категорија:Владини агенции во Албанија Категорија:Појавено во 1940 година во Албанија